Од утре среда 13 мај започнува првата акција за прскање против комарци и тоа теренско-лаврицидно, што го најави на последната седница Советот на општина Гевгелија.
Напоредно со тоа ќе започне и акцијата за дератизација против глодари.
Прскањето ќе биде организирано на територија која опфаќа површина од 10 хектари од општинскиот атар на Гевгелија, при што ќе бидат третирани жариштата на ларви од комарци.
Годинава, дезинсекцијата во општина Гевгелија се спроведува во рамките на Југоисточниот плански регион, на територијата на сите десет општини. Изведувач на дезинсекцијата е фирмата „Лиса ком“ од Кавадарци, избрана по пат на јавен тендер распишан од нарачателот, Центарот за развој на ЈИПР.
Работни тимови на „Лиса ком“ утре, (среда) ќе извршат теренско прскање против ларви на комарци на жаришта кои им ги предочија надлежните општински служби, по претходно изготвен „План на жариштата“, со посебно внимание на бреговите на реката Вардар, на потегот од селото Мрзенци до мотелот „Вардар“, покрај тревите и трските покрај водените терени. Согласно потпишаниот договор, во Општината ќе бидат извршени вкупно 5 (пет)прскања против комарци: и тоа, уште едно лаврицидно прскање, а потоа ќе бидат организирани и 3 (три) прскања против возрасни комарци на целата општинска територија, исто така, теренски, од страна на истиот изведувач.
Тимот за дератизација утре ја започнува и пролетната акција за истребување на глодарите, со поставување мамки за глувци во вкупно 1.400 шахти на територијата на општина Гевгелија. Дератизацијата ќе се повтори уште еднаш наесен. Реализатор и на оваа акција е „Лиса ком“ од Кавадарци.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица