Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Пазарен ден во Гевгелија - за прв пат отворен и за текстилна понуда

Четврток, 14 Мај 2020

Корона мерките ги затворија пазарите низ државата со почетокот на епидемијата, а во Гевгелија трет четврток по ред пазарот е отворен како мерка за одржување на локалната понуда на производители на храна, зеленчук и сезонско цвеќе.
Со најавата дека Генералниот Совет за безбедност размислува за олабавување на мерките и најавата за скрининг на вработените од неколку дејности за почеток со работа на истите, во Гевгелија вчера се најави отварање на пазарот на понуда на текстилни производи. Изнесувањето на текстилна роба го вршеа само локални понудувачи, бидејќи беше најавено дека се добредојдени само оние од Гевгелија и околните општини, Валандово, Богданци и Дојран бидејќи тоа се општини без регистриран корона случај.

Кратко соопштение, кратко време да се подготват понудувачите, така што денешната слика на градскиот пазар беше со едвам пет тезги на текстилни понудувачи и летни обувки.
Земјоделските производители со скромна понуда зошто и самите велат скромна е и посетеноста на пазарот деновиве. Цветните тезги исто така во скромно издание со само тројца излагачи-понудувачи.
И џагорот и шегата на пазарџиите ја нема, сите оддалечени еден од друг, тезга преку тезга, со заштитни маски, со истрошена желба со довикување „ајде свежа марула, млади компирчиња, тазе берени мирудии, ајде лукче за низок притисок“ да ги привлечат муштериите да купат од нивното изложено.
Малку тезгаџии, малку пазарџии, малку ентузијазам за само-реклама.
Короно, што им направи на луѓето?

Инаку, мерките за заштита со дезинфицирање на просторот пред почетокот и после пазарниот ден ги изведе стопанисувачот со пазарниот простор ЈПКД „Комуналец“ кој остави време од 7-9 часот за истовар на производите и продуктите за продажба од страна на понудувачите. Пазарот беше отворен до 14 часот, со цел да се остави време за утовар на преостанатото и повторно чистење и дезинфекција на просторот.
Можеби следниот пазарен ден ќе има повеќе текстилни понудувачи со оглед на тоа што и Струмица со сите излечени корона случаи веќе се „пресели“ на картата со општини во Македонија каде веќе нема заболени од вирусот корона.


Last modified on Четврток, 14 Мај 2020 - 19:10

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.