Предадена донација со заштитна опрема на Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија
Националната координаторка на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција м-р Магдалена Нестровска во текот на вчерашниот ден го посети Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ – Гевгелија каде ја предаде донацијата доделена на нашата земја од страна на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).
Донацијата се состои во заштитна опрема наменета за вработените и сместените посетители на Прифатно-Транзитниот Центар „Винојуг“ во Гевгелија, потребни за запазување на препораките за спречување на ширењето на корона вирусот, во актуелното време на прогласена светска пандемија на корона.
Донираната заштитна опрема содржи маски КН95, хируршки маски, латекс ракавици, бесконтактни термометри, антисептички распрскувачи, средства за дезинфекција и заштитни очила. Сета потребна пратка од ГИЗ преку МВР беше примена од страна на управникот на Транзитниот Центар „Винојуг“ – Гевгелија.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5022-predadena-donacija-zastitna-oprema-na-tc-vinojug-gevgelija.html#sigProGalleriadac80c42eb
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните
Угостителите со работно време до 21 часот
Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница, по
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по