Родителите очекуваат стартување со работа на Детските градинки во Гевгелија

Петок, 15 Мај 2020

Тековниот скрининг на вработените од детските градинки во Гевгелија со корона-тестови и најавите за можно отварање со работа на овие установи за згрижување на децата, за кои препорака треба да даде Комисијата за заразни болести на РСМ која го следи целиот процес на корона епидемијата во државата, ги натера и вработените од гевгелиските градинки да ги интензивираат подготовките за прием на деца во својата установа.

- „Во сите објекти на градинките на територија на општината Гевгелија е извршена дезинфекција и чистење на душеците од детските креветчињ, за да се отстранат сите вируси, бактерии и микроорганизми. Исто така, е извршена и дезинсекција и дератизација. Овој период, додека дечињата се во своите домови, го искористивме максимално да се издигне нивото на хигиена во објектите“ изјави директорката на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, Елизабета Стојменова.
Таа посочи дека:
- „Во изминатиот период направена е телефонска анкета со родителите на децата кои беа згрижени во нашата установа, со цел да утврдиме дали имаат потреба веднаш да бидат згрижени нивните дечиња во градинка штом се укине мерката за отсуство од работа на еден родител на дете до 10 години. Половина од анкетираните родители дале потврдни одговори на нашите вработени кои ги спроведуваа телефонските контакти“, истакна Стојменова. Тоа значи голема доверба во установата и мерка за потреба од враќање на работно ангажираните лица на своите работни позиции.

Јавната општинска установа за детски градинки „Детска радост“ од Гевгелија располага со уште 5 објекти за згрижување на деца, детската градинки „Сончогледи“ и „Цветови“ во Гевгелија и Детските градинки во Миравци, Негорци и Богородица. Сите шест детски градинки имаат проектиран капацитет за прием на 670 деца, а заради зголемените потреби на родителите на мали цеца од општина Гевгелија капацитетот, барем според податоците од 2019 беше пополнет со 766 деца. Расположивиот работен простор на градинките е со нето корисна површина од 5.064 метри квадратни, а дворната површина во сите шест објекти заедно опфаќа простор од 25.858 метри квадратни. Тоа значи дезинфекција, дезинсекција и дератизација на целиот простор кој овие два месеца беше надвор од употреба, заради сигурност од немање корона закана.

Од денеска започна скринингот на 100-та вработени во оваа установа со цел да се утврди стабилниот здравствен капацитет за старт со работа, бидејќи воспитувачките, негувателските па и самите деца тешко дека во текот на дневниот престој можат да воспостават социјална дистанца.

- „Ако се побара родителите на деца до 10 години, кои се сега ослободени од работни обврски и седат дома, да се вратат на работа, нам ќе ни' требаат солидно подготвени институции за прием на тие деца и протокол на работа на кој ќе треба да се придржуваат“, изјави денеска Министерот за информатичко оштество и јавна администрација Дамјан Манчевски, со што ги оправда сите превземени постапки на Гевгелиската установа за згрижување деца „Детска радост“.

Гевгелија се подготвува за работната фаза на градинките. Добро е што и родителите размислуваат за потребата да се вратат на работа, а грижата за најмладите да им ја доверат на вработените во детските установи, каде се згрижуваат деца со возрасен интервал од 8 месеци до 6 години.

 

Last modified on Петок, 15 Мај 2020 - 21:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.