Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелиските градинки ги ослободија родителите од плаќање партиципација за престој на децата во установата

Четврток, 21 Мај 2020

Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија на денешната седница одлучи родителите, чии деца престојуваат во градинките, да бидат ослободени од плаќање на партиципација за престој на децата во градинките за месеците април и мај, за време на вонредната состојба.
Тоа се однесува за сите 800 родители - корисници на услугите на гевгелиските детски градинки, како за трите постојни објекти во Гевгелија, така и клоновите во Негорци, Миравци и Богородица, за месеците април и мај. Родителите ќе заштедат по 2.980 за секое запишано дете во Установата.

- „Со ваквата одлука сметаме дека ќе придонесеме во општинската акција за ублажување на последиците од Корона вирусот. Имено, од плаќање на месечна партиципација за престој на децата во градинките, во износ од 1.490 денари месечно, ќе бидат ослободени 800 родители, чии деца беа запишани и беа згрижени во градинката за месец март. Тоа значи дека за април и мај нема да плаќаат никаква партиципација. Тоа не е и единствената мерка што нашата Детска установа ја презеде за ублажување од последиците. Имено, за месец март, кога децата во градинките престојуваа само до 10 март, нивните родители платија само 521 денар, колку што изнесуваа материјалните трошоци“, изјави директорката на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија, Елизабета Стојменовска.

Во изминативе денови, додека трае корона епидемијата, децата се згрижени во своите семејни-домаќинства, а деновиве се врши интензивен скрининг со корона-тестови на сите вработени во детските установи во државата, по препорака на Комисијата за заразни болести која ја следи корона состојбата во државата. Во Гевгелија, во соработка со Центарот за јавно здравје извршени се тестирања на сите 110 вработени во шесте постојни објекти на Јавната општинска установа за згрижување на деца „Детска радост“ од Гевгелија. Резултатите од тестирањата се' уште се очекуваат.
Напоредно, со најавата за потреба да се скринира здравствената состојба на вработените, се најави и можен старт со работа на детските градинки, па во пресрет на отварање на вратите на овие установи за згрижување на најмалите од нашата заедница, раководството на установата обезбеди извршување на детална дезинфекција на сите објекти, дворни површини, играчки, работен простор, душечиња и постелнина за пладневен одмор на најмалите, потоа дезинсекција и дератизација против глодари.

Стартот уште не е најавен, но сите работни сили се ангажирани за активирање на нормалниот работен престој за згрижување и рано учење со програмските понуди во детските градинки во Општината.


Last modified on Четврток, 21 Мај 2020 - 19:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење

Повеќе

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во

Повеќе

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.