Обнова, фарбање, санација и поправки во ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија за време на вонредната состојба

Петок, 22 Мај 2020

Корона епидемијата во државата ги затвори училиштата, но не ја запре наставата која што продолжи да се одвива он лајн, а празните училишни простори, без присуство на учениците е период искоритен за поправки, санации, обнова на објектите, ентериерот, па дури и целосни санации.

Денеска работна екипа започна со фарбање на оградата на ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, како ѕиданиот така и на железниот ограден дел, долж целиот ограден простор на училишниот двор, вклучително и двете влезни порти во училишниот комплекс.

- „Изминативе денови беа искористени за белење на ентериерот, ситни поправки во училиштето, како и подготовки за санација на нашите подрачни училишта. Во тек е претходно отворена тендерска постапка со која се бара најповолен изведувач на целиот објект на подрачното училиште во Моин. За ова имаме издвоени посебни буџетски средства од Министерството за образование во износ од близу 2,2 милиони денари. Средствата се обезбедени, а се очекува санацијата која вклучува целосно реновирање од под до кров да биде завршена до почетокот на следната учебна година 2020/21, односно учениците на 1 септември во Моин да влезат во комплетно реновиран објект“, изјави за GevgelijaNet директорот на училиштето Михаил Петров.

Во Моин оваа учебна година настава посетуваа 12 ученици, кои во комбинирани паралелки ги обучуваа две наставнички.
Деновиве, поточно од 1 јуни треба да започне уписот на првачињата во основните училишта. Родителите ги чека освежен простор во ООУ „Крсте Мисирков“ каде треба да ги поднесат апликациите за упис, а во подрачното училиште во Моин со почетокот на новата учебна година од септември, ги очекува комплетно реновиран објект, ентериер, санитетски простории, кров, столарија, за сегашните ученици и новите првачиња.


Last modified on Петок, 22 Мај 2020 - 15:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.