Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Чествување на Светите Кирил и Методиј во Гевгелија

Недела, 24 Мај 2020

Денот на сесловенските просветители денеска се честиташе од сите државни фактори, кои го истакнуваа значењето на делото на Солунските браќа, светите Кирил и Методиј, создавањето на азбуката глаголица, преведувањето на книжевни дела на новата словенска азбука, која беше основа за описменување на народот и создавање на словенската и македонска култура и литература. Сепак освен честитки од државните фактори, честитки испорачуваа и граѓаните помеѓу себе за овој значаен ден за македонската писменост култура втемелена од пред 11 века, а за празникот да биде одбележан се погрижија и црковните достојници со организирани литургии посветени за словенските основоположници на македонското писмо и пишана култура.

Во пресрет на празникот, вчера, сабота, 23 мај, во 17 часот, во Црквата „Св. Кирил и Методиј“ во близина на центарот на Гевгелија, се служеше Вечерна Богослужба на која присуствуваа и граѓани, некои со заштитни маски, некои без нив.
Утринава на Денот на Светите Кирил и Методиј, Денот на сесловенската писменост и култура 24 мај и Патронот на гевгелиската Црква која го носи името на своите „Св. Кирил и Методиј“ Свештениците од Гевгелиската Парoхија одржаа Утрена Богослужба (во 07:00 ч.), а веднаш потоа СвеченаБожествена литургија (08:15 часот).

Поради олеснетите мерки за движење кои денеска важеа до 11 часот, како дел од анти-корона мерките, овие утрински црковни настани беа проследени од гевгелиските верници.

- „Свети Кириле и Методиј молете го Бога за нас!“ - порачаа од Гевгелиското Архиерејско намесништво.

Честит празник, честит именден на сите носители на името на овие свети и заслужни луѓе. Да ни е Вековит денот!


Last modified on Недела, 24 Мај 2020 - 22:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.