Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Пензионерите од Гевгелија ги отворија своите работни простории

Среда, 27 Мај 2020

Здружението на пензионери од Гевгелија кое брои 4.198 свои членови со почетокот на корона пандемијата како најзагрозена категорија граѓани беа принудени да седат дома, со мал период на часови во текот на денот за раздвижување, или набавка на намирници.

Деновиве тие веќе на своја одлука, на барање на членството ги отворија вратите на седиштето на Здружението на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија како а од минатата недела и клубот за рекреација на пензионерите.

Причина за ваквата постапка, пред донесување на целосното ослободување од движење, што го донесе Владата вчера, беше барањето на самите членови, бидејќи им е досадно дома, а самата комуникација, одењето во просториите на Здружението, клубот на пензионерите за нив е дневна доза на активност и социјализација, вели Велин Стоименов, претседател на Здружението.

Сепак, и додека биле дома, без отварање на работните простории со ангажман на членовите на Извршниот одбор биле организирани неколку акции.

- „Најпрво организиравме распоред за подигање на пензиите од Банките бидејќи сите пензионери немаат картички, а одењето во Банка поради гужвите е ризик по здравјето на пензионерите. Тоа го овозможивме во договор со Републичкиот Сојуз на пензионери. Потоа, во соработка со Општината организиравме дотур на продукти за наши членови кои не се во можност сами да пазарат за дневните потреби и тоа се одвиваше успешно за 20-на наши членови, и тоа во распоред за набавка на прехранбени артикли и средства за заштита. Имавме донација од 60 заштитни маски кои ги поделивме на нашите членови пензионери кои најчесто не' посетуваат во седиштето на Здружението. Се' на се', никој не се пожали на мерките, ниту на полицискиот час, знаејќи дека според годините сме најризичната возрасна група на граѓани и ги почитувавме заштитните против-ковид мерки“ изјави за ГевгелијаНет пензионираниот професор Стојменов.

На првата работна средба на Извршниот одбор на Здружението на пензионери, одржана минатата недела, го одобриле Барањето на пензионерите од Моин, каде има над 60-на нивни членови за отварање тамошен клуб во просториите на некогашната амбуланта која со години е вон функција. Општината која е сопственик на јавниот простор се сложила да им го отстапи објекот на користење и во тек се работни изведби за реновирање на просторот, поставување на нови прозори, врати, обнова на електричната инсталација.

Вакви катчиња за средба, дружење, активности, забавни игри (шах, домино, пикадо), планираме да отвориме и во населените места Богородица, Прдејци, Миравци, Негорци, а имаме доставено барање за Давидово. За првите четири имаме јавен простор како солуција, за Давидово треба да се погрижиме повеќе да најдеме соодветен простор за таква намена, најави Претседателот на ЗП-Гевгелија.

Поросториите на ЗП Гевгелија е отворено секој работен ден од 8:30 до 10:30.

Деновиве обезбедија уште 100-на заштитни маски. За нив Извршниот одбор на последната седница донесе одлука да бидат донирани на Јавната установа за згрижување деца „Детска радост“ во Гевгелија, со образложение дека повеќето пензионери имаат свои внучиња кои ги носат во градинка, па со најавата за старт со работа на овие установи ќе им треба поддршка за заштита и одржување на јавното здравје на вработените и дечињата.

Храбри гевгелиските пензионери. Први, без да ги чекаат олеснувањата на мерките одлучија дека треба да се работи, да се дружат (на дистанца со заштитни маски) да го продолжат социјалниот живот и заедничка друштвена рекреација во нивното седиште и клуб.


Last modified on Среда, 27 Мај 2020 - 13:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.