Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Четврток, 28 Мај 2020

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Четириесет дена после Велигден, секогаш во четврток се слави Празникот на Христовото вознесение - Спасовден. Овој празник спаѓа во големите христијански празници, а гевгеличани го имаат за свој светец патрон, па од дамнина се славел како ден на спасение, заштита и панаѓур на градот Гевгелија.

Постарите лица паметат дека вечерта пред спасовден луѓето оделе да преспиваат во црковните простории за здравје, верувајќи дека Свети Спас ќе им даде милост и здравје. Некогаш на чергиче на подот од црквата, а со изградбата на црковниот конак во дворот на Црквата „Св. Спас“ во Гевгелија тоа сега се изведува во посолидни услови.

Според црковниот календар Спасовден се слави 40 дена по воскреснувањето Исус кога им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“ (Христос воскресна) и си отпоздравуваат со „Воистину воскресе“ (Навистина воскресна).

Именден празнуваат: Спасе, Спасија, Спаска...

Изминатава деценија Општина Гевгелија започна и со културни настани да го слави овој ден како патрон на Гевгелија, со познатата „Распеана чаршија“. Годинава поради корона состојбите и мерките против ширењето на вирусот, тродневните културни активности се одвиваа во он-лајн издание, достапни на интернет за пошироката публика.

Гевгелиските свештеници по повод празникот одржаа Црковна богослужба во храмот „Свети Спас“ Гевгелија - некои со заштитни маски, а повеќето без нив, но со физичка дистанца, ама и бацување крстови за жал за време на корона состојбите (видно од приложените фотографии).


Last modified on Четврток, 28 Мај 2020 - 15:36

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.