Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Четврток, 28 Мај 2020

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа жителите на југот од Македонија, Гевгелија, Богданци, Дојран.

Земјотресот е регистриран автоматски од Атинската национална сеизмолошка опсерваторија со магнитуда од 1,5 степени од европската сеизмичка скала на длабочина од 10,4 километри од земјината површина.

Епицентарот на потресот е регистриран на 22 километри северно од местото Chalkis во Република Грција, што се наоѓа североисточно од Халкидики. Локацијата е 38.6637 северна географска ширина и 23.5616 источна географска должина.

Потресето беше краткотраен со крцкање на прозорите и стаклените предмети во домаќинствата од локалните жители на југот од државата.
Најблисска точка до местото на епицентарот во нашата држава се токму јужните општини од државата кои вечерва не му се израдуваа на тектонскиот процес на земјата.

Тектонско движење вечерва имаше и во 21:52 часот со јачина од 2,5 степени исто на длабочина од 10 километри под површината на земјата. Епицентарот на потресот бил на 43 километри северозападно од местото Килкис во Република Грција, кое е во близина на македонско-грчката граница и Дојранското езеро.
Првиот потрес вечерва во близина на Дојранско беше регистриран во 21:51 часот исто со јачина од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала на длабочина од 10 километри под површината на земјата и оддалечен само 41 километри северо-западно од Килкис, Грција.

Сите три потреси укажуваат дека се придвижува европската тектонска плоча која го покрива целиот Балкан, па затоа иако се наоѓа на територијата на Грција го почувствуваа и македонските граѓани од југот.


Last modified on Четврток, 28 Мај 2020 - 23:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.