Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Петок, 29 Мај 2020

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300 метра денеска е бетониран. Изведувач на работите е градежната фирма „Мансард“ која на јавниот повик на нарачателот Општина Гевгелија доставила најповолна понуда.

Работите започнаа во текот на вчерашниот ден со подготвителните изведби, а денеска влажниот бетон блесна на сонцето. Овие активности се изведени според Оперативниот план на Општина Гевгелија за бетонирање на помали улици и краци. Со уредувањето на кракот на улица „Деко Ковачев“ која се движи западно од хотел „Пелагонија“, на граѓаните кои имаат свои домаќинства и живеалишта долж улицата, им го решава деценискиот проблем - газењето по земја и кал во дожливи услови, со кој се соочуваа секојдневно.

Од Општината како инвеститор на градежните зафати велат дека подобрувањето на инфраструктурата во општина Гевгелија продолжува. Активностите за реконструкција на патната инфраструктура во нашата општина се одвиваат етапно и во очекување се да завршат и другите зафати како во градот Гевгелија, така и во повеќето населени места.

Во изминатиот период беше избетонирана улица во Петрово која води од центарот на селото до црквата во селото, крак од улицата во Гевгелија која се протега долж одводниот канал „Рауљ“, од Мостот на патот за Негорци кон новиот хотел „Paint it black”, a бетонска постилка добија и улиците „Гоце Делчев“ и „Бошко Бозаџиев“ во с. Мрзенци.
Со завршувањето на вонредната состојба работите на терен ќе можат да се интензивираат и во другите населени места, велат од Општината.


Last modified on Петок, 29 Мај 2020 - 19:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.