Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Сабота, 30 Мај 2020

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена брзина излетал од патот кај Миравци, делница која често ја користат криумчарите на мигранти, но и често ја контролираат патролни служби на Гранична полиција.

Во полицискиот извештај стои дека: Вчера на регионалниот пат Гевгелија-Дојран, на крстосница „Ѓавато“, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки во кое се превезувале поголем број на лица и кое се движи од Богданци кон Гевгелија.

Полициските службеници со возило се упатиле кон него. На крстосницата Гевгелија возилото се вклучило на автопатот кон Скопје, а на крстосницата с.Миравци–с.Милетково, поради неприлагодена брзина, излетало од патот. После тоа, возачот побегнал.

Во возилото биле понајдени 13 лица мигранти од Бангладеш кои биле приведени во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица.

Набргу потоа, возачот бил пронајден и предаден во СВР Струмица. Се работи за Б.Ј.(22) од Богданци. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известуваат од МВР.


Last modified on Сабота, 30 Мај 2020 - 15:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.