Топ Новости

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Четврток, 04 Јуни 2020

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со почетните изведбени дејствија за ревитализација на патот Богородица-Стојаково и крстосница со регионалниот пат Гевгелија- Богданци.

Со втората фаза ќе биде извршена целосна обнова на овој регионален патен правец кој ги поврзува општините Гевгелија и Богданци. И тоа, почнувајќи од крстосницата на патот Гевгелија-Богданци, каде што води стариот и дотраен пат за Богородица, а минува крај бензинската пумпа „Лук оил“, хотелите „Скај“ и „Принцес“ и продолжува од Богородица кон Стојаково.

Ширина на коловозот на делницата за реконструкција на постојниот пат изнесува 5 метри и ширина на банкини минимално 0,50 метри. Според техничкото решение се предвидува гребење нa стариот асфалт на локалниот пат – „Регионален пат R1109 - Стојаково“ и проширување на делови до ширина од 5м и целосно асфалтирање со нов слој на асфалт од 5см. Со ревитализацијата на целиот пат ќе се обезбедат услови за поквалитетно сообраќајно движење на овој сообраќајно-фреквентен патен правец, известува инвеститорот.

И првата и втората фаза од проектот се имплементира преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година од Бирото за регионален развој, а во рамките на приоритетните проекти на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.
По завршување на тендерската постапка и електронската аукција, најниска цена имаше понудувачот „Друштво за градежништво и трговија ЖИКОЛ ДООЕЛ експорт импорт Струмица“ со кој беше склучен договор за извршување во износ од 4.968.475 денари без ДДВ. Додека надзорот ќе го врши проектантската фирма „Гоја“ од Гевгелија.


Last modified on Четврток, 04 Јуни 2020 - 16:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.