Топ Новости

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Петок, 05 Јуни 2020

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра медицинска опрема на здравствените институции во државата од страна на Групацијата „Новоматик“, денеска и официјално ja реализираат со предавање на медицинска опрема и дезинфекциони средства на Општа Болница Гевгелија.
Донацијата се состои од 10 современи електронски болнички лежаи, секој во вредност од 2.500 евра и поголема пратка на дезинфициенси неопходни во време на корона пандемијата, во вкупна вредност од 40.000 евра. Ова е особено добредојдено за една здравствена институција како Општата Болница Гевгелија со проширена надлежност која нуди јавни здравствени услуги за граѓаните од општините Гевгелија, Богданци и Дојран, во услови на пандемија кога секој кревет е важен, кога секоја површина треба да биде дезинфицирана и заштитена од пренос на вирусот.

Целта на ваквиот хуман гест на Групацијта „Новоматик“ во Македонија е да помогнат за справување со корона епидемијата со конкретна помош на здравствениот сектор.

Донацијата вчера ја предаде на ЈЗУ „Општа Болница Гевгелија“ менаџерот на казино „Фламинго“, Александар Савиќ, бидејќи ова гевгелиско казино е дел од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои заедно со „Астра“ и „Адмирал“ ја сочинуваат Групацијата „Новоматик“ во Македонија.

- „Како општествено одговорни компании, Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел) и АПЕКС Македонија целосно свесни за тешкотиите со кои се соочуваат јавните здравствени институции, длабоко почитувајќи ги натчовечките напори на докторите и медицинскиот персонал во беспоштедната борба со вирусот „Ковид 19“, и покрај тешките моменти за нашите компании, денеска во Гевгелија ја започнуваме големата акција за донирање на болнички кревети и средства за дезинфекција во повеќе здравствени капацитети во Република Северна Македонија“, истакна менаџерот Савиќ при предавањето на донацијата на гевгелиската Болница.

Директорот на ЈЗУ Општа Болница - Гевгелија, д-р Димитар Крџев, изрази благодарност што оваа донација доаѓа во едно специфично време кога пандемијата на Корона вирусот ги исцрпува како кадровите така и медицинските потенцијали на болницата, во време на зголемени трошоци за одржување на дезинфекциони услови на установата. Новите современо опремени кревети, рече тој, ќе бидат распоредени во сите одделенија на болницата и со што ќе се подобрат условите за болнички претман и згрижување на пациентите во Општата болница. Исто така, добиени се и огромни количини на дезинфекциони средства кои ќе послужат во спречувањето на ширењето на Корона вирусот во просториите на Општата болница.

На чинот на примопредавањето на донацијата прсуствуваше и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков кој ја истакна висока општествена одговорност на Групацијата „Новоматик“ и посебно на казино „Фламинго“. Не само кога станува збор за донации кон Општата болница во Гевгелија и згрижувањето на лицата кои беа во државен карантин, туку и за настани од јавен карактер за Општината

Освен донациите казино-хотел „Фламинго“, во текот на првите два месеци од епидемијата, ги отвори вратите со своите апартмани и хотелско сместување за македонските повратници од странски држави за обезбедување државен карантин, а веќе два месеци додека трае корона епидемијата и вонредната состојба со забрана за работа на угостителскиот сектор заради мерката „изолација“ оваа Групација ги одржува работните места на своите 2.000 работници.

Ќе истакнеме дека од економските мерки на Владата за покривање на секторите кои трпат деловни застои и штети од состојбата со корона кризата во државата, фирмата која раководи со Казино „Фламинго“ доби државна помош од 129.000 евра за исплата на плати на вработените за месец април. Втората транша за платите за месец мај ќе биде исплатена во текот на овој месец.

Народот вели: „Раката што дава не се суши“. Така и во хуманоста - „Помагаш, даваш, не те забораваат“.

 

Last modified on Петок, 05 Јуни 2020 - 05:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.