Топ Новости

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Сабота, 06 Јуни 2020

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка сезона со прилив од околу 15.000 посетители. Повеќето се иматели на приватни викенд куќи кои овде „побегнаа“ од карантинот во одделни општини во државата, но и од престојот дома. Вчера дојранчани „паничеа“ на социјалните мрежи плашејќи се гостите да не им ја донесат короната, а градоначалникот на општина Дојран побара полициска асистенција за да се спречи кршењето на мерките за групирање и не носењето на заштитни.
Но, гостите не се тераат, таков е адетот на домаќинлакот, можеш само да го предупредиш како да се придржуваат на редот додека се во твојот дом, (или во твојата општина).

- „Можам да кажам дека денес во нашата општина проработи свеста и се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот“ – изјави за „Фокус“ градоначалникот на Дојран, Анго Ангов.

Појаснува дека редарски служби од општината во тек на вчерашниот ден, но и од утринава, им делеле бесплатни заштитни маски на посетителите и ги предупредувале да не се групираат.

- „Немаше казни, туку само предупредувања, со убаво се трудевме да ја подигнеме свеста на гостите во Дојран. За разлика од вчера, кога беше забележано максимално непочитување на мерките, кое наиде и на големи критики од страна на локалното население, но и на страв од ширење на вирусот, денес имаме друга слика.
Посетителите ги сфатија сериозно нашите апели, се придржуваат до мерките. Се поделија стотици бесплатни заштитни маски на оние кои беа затекнати на јавните површини без заштита на лице, нашите екипи постојано се на терен и внимаваат да нема групирање. Им се заблагодарувам на посетителите кои што покажаа дека се грижат за колективното здравје и кои ги следат препораките на здравствените власти“ – изјави градоначалникот.


Last modified on Сабота, 06 Јуни 2020 - 16:57

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.