Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

ФОТО: Детска радост за новиот детски парк во Гевгелија

Вторник, 09 Јуни 2020

Нема црвени панделки, нема свод од балони, нема сечење ленти - децата први денеска ги запоседнаа реквизитите за игра од новоопременото детско катче, парк за игри и рекреација до станбените згради во близина на градскиот пазар во Гевгелија.
Поголемо одобрување за проектот (без церемонија и аплаузи) од детските насмевки и разлуланите лулашки, здравје.

Напоредно со првите посетители на паркот, тука се и родителите, но и екипата работници кои ги доопремуваат, домонтираат реквизитите за игра.
- „Никој не им смета нека си редат, нам и лулашките ни се доволни“- ваков одговор зрачи од насмевките на разиграните дечиња.

Паркот пред две недели беше размонтиран, потоа цементиран теренскиот простор, денеска доби и заштитна зелена подлога - „вештачка трева“, а ќе се постават и нови кошеви, клупи за седење на возрасните и посетителите кои чекаат ред за лулање, корпи за отпадоци и фонтана. Се чекаат и нови реквизити за дополнување на целиот простор за детска забава, да биде радост за очи и уши. Комуналната инфраструктура (клупи, корпи, фонтана со вода за пиење) е грижа на ЈПКД „Комуналец“ Гевгелија.

На социјалните мрежи, со поетокот на изведбените работи, граѓаните во коментари изразуваат барања ваква убавина да се постави и во нивните населени места, каде играат нивните деца, а инвеститорот, Општина Гевгелија, однапред најави дека тендерот за набавка на нова урбана опрема за уредување на детски паркови во општината се однесува како за Гевгелија, така и за населените места од општината. Работите започнаа во Миравци, Смоквица, паркот во дворот на Пионерскиот дом... но корона состојбите ги одложија изведбените дејствија.
Сега се интензивираат активностите. И, останува да го дочекате новиот детски парк и во вашата средина на живеење, во вашето населено место.

P.S. Некои коментираа: „Многу играчки, многу деца, многу галама“. Да Ви подари животот деца, внуци, радост, па и Вие да се исполните со детска смеа и полна душа убавина.

 

Last modified on Вторник, 09 Јуни 2020 - 22:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.