Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Две кривични пријави за двајца гевгеличани

Петок, 19 Јуни 2020

Министерствотот за внатрешни работи поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство за двајца осомничени гевгеличани кои се товарат за делото „криумчарење мигранти“ на до сега најголемата откриена и „прекината“ пратка на илегална миграција низ нашата земја од вкупно 142 илегалци сместени во камион со приколка.

Санува збор за Б.А.(40 годишен) и К.Ѓ.(27 годишен) и двајцата од Гевгелија, кои со организирана акција на полициските сили од Регионалниот граничен центар „Југ“ биле пресретнати и спречени да пренесат 142 пакистанци од јужната граница до нереализирана дестинација, бидејќи и организаторите и патниците „паднаа“ во рацете на полициските сили.

Имено, на ден 10.06.2020 (среда наутро) околу 05:40 часот од страна на мото-патролни служби на Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица на автопат Гевгелија – Скопје, било забележано товарно возило „Ман“ со бугарски национални ознаки и приклучно возило, како се движело со голема брзина. Потоа мото-патролата се упатила кон товарното возило со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал. При преглед над товарното возило биле пронајдени 142 мигранти и биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

За овој случај извести и заменик министерката за внатрешни работи при посетата на ГП „Богородица“ минатата недела, посочувајќи дека „Според податоците на РЦ за ГР „Југ“ во текот на првите десет дена од месецов веќе се реализирани четири кривични дела за криумчарење мигранти, во кој што се откриени 186 илегални мигранти“.
Најголемиот дел од мигрантите, по откривањето на направениот полициски записник, се спроведени и сместени во Транзитниот центар „Винојуг кај Гевгелија, а осомничените гевгелијани, продолжуваат од Полициска станица на распит пред јавен обвинител.

Поради затворените меѓународни граници и ковид состојбата, првите три месеци од годината беше намален бројот на илегални премини во државата, а само во првите девет дена од јуни спречен е обид за илегален влез на дури 878 илегални. Сите акции на полициските службеници се реализираат во услови на дополнителни безбедносно-здравствени протоколи и мерки, велат од МВР. Поради појава на коронавирус во грчкиот мигрантски камп на север од државата беше воведен карантин, а многумина решиле на ваков ризичен и илегален начин да го продолжат своето патувањето кон посакуваните западноевропските земји, како нивна последна пожелна дестинација.

Случајот кај Милетково во кој организатори се гевгеличани, со обид за илегален трансфер на 142 државјани од Пакистан, е најброен до сега.

 

Last modified on Петок, 19 Јуни 2020 - 11:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.