Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Субвенционирање на комуналните услуги на социјалните категории граѓани зголемено на 650 денари

Понеделник, 22 Јуни 2020

Советот на Општината донесе и Одлука за субвенционирање на потрошувачката на основните комунални услуги за корисници на гарантирана парична помош и корисници на социјална пензија. Субвенцијата во сметките за комунални услуги за овие категории на граѓани е зголемена од сегашните 500 на 650 денари по домаќинство.

Ваквата одлука е донесена едногласно од сите членови на гевгелискиот Совет, на последната одржана 46 редовна седница.

Мотивот за донесување на ова зголемување на субвенционирањето на трошоците за комунални услуги за цели 30% од претходно донесената одлука е вградувањето на нови ставки во сметките за воден надомест, а тоа е ставката за одведување и прочистување на отпадни води. Просечните трошоци за комунални услуги за едно 3,5 члено семејство според пресметките на давателот на услугата ЈПКД „Комуналец“ изнесуваат 810 денари. Со зголеменото субвенционирање на двете горе наведени социјални категории граѓани, Општина Гевгелија од својот локален буџет ќе покрива 650 денари од месечната сметка на корисниците, што претставува покритие за 80,25% од трошоците за комунални услуги. Средствата се веќе обезбедени како посебна буџетска ставка во Програмата за социјална заштита на Општина Гевгелија за 2020 година.

Вака планираните средства за субвенционирање на водокорисниците ќе бидат исплатувани на жиро сметка на корисникот на социјалните права (гарантирана парична помош и социјална пензија), по приложувањето на документ од Центарот за социјални работи дека се корисници на таков вид социјално право и со приложување на платена сметка за комунални услуги. Исплатата на средствата ќе се слеваат месечно на сметките на корисниците, со приложувањето на секоја следна платена сметка за комунални услуги на водокорисниците од овие две социјални категории.
Исплатата може да се изврши и кумулативно за повеќе платени сметки за основните комунални услуги. Надместокот за субвенции ќе се исплаќа доколку адресните податоци на корисникот на социјалната помош, или пензија соодвествуват со адресата на живеење на водокорисникот.

Барањето за користење на субвенции за водокорисниците се доставува до локалното комунално претпријатие „Комуналец“ Гевгелија заедно со документ издаден од Центарот за социјални работи Гевгелија дека се корисници на едно од социјалните права и платена месечна сметка за комунални услуги. Со губењето (престанокот) на социјалното право, престанува и можноста за користење на субвенцијата за водокорисниците од оваа категорија граѓани.

Одлуката е донесена во петокот,минатата недела, а ќе стапи во сила и на примена по објавувањето во „Општинскиот гласник“.


Last modified on Понеделник, 22 Јуни 2020 - 14:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.