Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Улица „Индустриска“ проширена и асфалтирана

Понеделник, 22 Јуни 2020

Најпрометната стопанско-сообраќајна артерија во градот, улица „Индустриска“ од денеска е со нов асфал, проширена, со поставена атмосферска канализација, со уреден тротоар. Делницата во должина од 300-400 метри ги опслужува стопанските и производни објекти во најстарата и веќе проширена индустриска зона во Гевгелија, наречена едноставно „Индустриска“.

Делницата од постојните 5 метри широчина е проширена на 7 метри широчина во двете ленти, а уреден е и тротоар за работниците пешаци, со ширина од 2 метри.

Со тоа се задоволуват сообраќајните стандарди за разминување на тешките товарни возила, и за овозможување проток на возила во бранот од термините за почеток и крајот од работното време. Една од проблематичните точки при секои обилни дождови беше и потребата од оформување на нова, проширена атмосферска канализација која ќе го има капацитетот на прием на атмосферскиот воден талог и елиминирање на непожелните поплави кои често беа присутни во овој дел од градот.

Изведувачот на проектот за реконструкција и асфалтирање на уицата беше фирмата „Еуро Инг“ која на јавниот тендер понуди најприфатлива понуда според критериумите во тендерот. Механизацијата на „Еуро инг“ со финализацијата на градбата на оваа делница се повлекува од терен, а на корисниците им останува за користење новата современо асфалтирана, проширена, атмосферски заштитена и со тротоар улица.
Улицата започнува од раскрсницата кај поранешните оранжерии на „Цвет, кон текстилната фабрика „Ноел“, Производителот „7-ми Ноември“, Подружницата на „Шумско стопанство“ поранешна Пекара на „Солун“ сега објект на „Хина“, Трафостаницата на ЕВН, Винаријата „Риго“.

Целиот проект е реализиран со средства од Буџетот на општина Гевгелија во рамките на Програмата за изградба и рехабилитација на локални патишта и улици која изнесува близу 30 милиони денари.
Сите улични зафати во текот на годината, асфалтирања, бетонирања на улични краци, обележување на улична синализација се дел од реализацијата на оваа Програма. Планирано = реализирано. Ковид состојбата одложи некои дејствија заради примената на здравствено-безбедносните мерки, но со примена на протоколите за заштита работите на терен продолжија, и еве дел од нив се финиширани. Денеска во пакетот на реализираното е и улица „Индустриска“.

 

Last modified on Понеделник, 22 Јуни 2020 - 22:02

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.