Средношколци од Гевгелија освоија Второ место на државен натпревар за „Најдобра ученичка компанија“

Среда, 24 Јуни 2020

Средношколците од „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија, Душко Јанев, Никола Биков, Пепица Јованова, Ангелина Несторова и Слободанка Савиќ, сите од IV година, матуранти, заедно со менторката Јасмина Мицева, на вчера одржаниот државниот натпревар „Најдобра ученичка компанија“ го освоија високото Второ место. Наградата е дотолку повредна што беше изборена во конкуренција на 25 ученички компании од 18 средни школи од земјава.

Освоеното второ место го заслужија за својата компанија-иноватор наречена „Солар Бег СБФ“ со која понудија иновативно решение „Еколошка торба – SBF (Solar bag for the future). Ова е торба на иднината ја нарекуваат учениците, бидејќи применува термоелектрични ефекти од областа на физиката со цел правилно искористување на енергијата од досега најголемиот и најдолготрајниот извор - сонцето. Во eнергетска торба е вграден систем од т.н. „Пелтие – модули“, кои имаат способност да греат и ладат истовремено.

Минатата година во ноември истиот тим учествуваше со истиот проект на државен натпревар за „Најдобар бизнис концепт“ и освоија трета место. Годинава реализирајќи го својот концепт во креативен производ успеаја повторно на државно ниво да се стекнат со награда, овој пат за едно место погоре, освојувајќи го второто место.

Прво награден е четворочлениот тим ученици од средното училиште „Георги Димитров“ од Скопје, кои сплотени под името „Саундси“, се занимават со производство и продажба на акустични производи од дрвен отпад од производство на мебел. За натпреварот изработија звучници кои работат без извор на енергија, со едноставно поставување на телефонот во отворот, при што звукот од телефонот се движи само во една насока – нагоре и на овој начин веднаш се зголемува тонот.
Tрето место и' припадна на ученичката компанија „Сикерс“ од училиштето „Владо Тасевски“ од Скопје. Преку видеотуторијали поставени на веб-страницата на училиштето ќе им помогнат на учениците во изработка на потребните вежби и ќе создадат дигитална видеобиблиотека достапна за сите ученици во училиштето.

Националниот натпревар за најдобра ученичка компанија се одржа во Скопје во организација на „Џуниор ачивмент Македонија“, а е поддржан од УСАИД и Фондот за иновации и технолошки развој.

Last modified on Среда, 24 Јуни 2020 - 21:41

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.