СДСМ Гевгелија со ПРЕС и „Отворен штанд со граѓаните“ ја започна предизборната кампања

Четврток, 25 Јуни 2020

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Општинската организација на СДСМ во Гевгелија официјалниот старт на својата предизборна кампања за 11-те Вонредни Парламентарни избори во државата, го започнаа со одржана прес конференција и отворен штанд со граѓаните.

Пресот го одржа претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија Владислав Видимчево кој потсети дека основна цел на изборите е зацврстување на фундаменталните вредности на демократијата, а тоа е градењето на институциите во државата, пред се’ домот на демократијата - Собранието на РСМ, преку гласот на граѓаните.
- „Како партија ставивме потпис на Кодексот за фер и демократски избори, заедно со останатите изборни конкуренти, организатори на изборни кампањи, и се обврзавме дека ќе учествуваме во градењето доверба во изборниот систем. Почнуваме отворена, блиска до Вас јавна кампања во која секој од граѓаните ќе го најде интересот за поддршка на иднината на РСМ како напредна, респектабилна и просперитетна земја, со економија и стандард како европски граѓани на европска Македонија“, истакна Видимче.

Водени од принципите на парламентарната демократија, тој ги потензираше сомнежите за нефер и предвремен почеток на изборната кампања од таборот на изборните опозициони опоненти од ВМРО-ДПМНЕ.
- „Ви порачуваме да не потклекнувајте на манипулациите, на лажните ветувања на ново партиските режимски слуги на Груевски, зошто уште години за арчење пари на споменици немаме, уште години за празнење на државниот буџет со корумпирани тендери немаме, уште години за луксузирања со мерцедеси немаме. Нашата држава мора да оди напред заедно со просперитетните земји каде го очекуваат нашето идно членство како рамноправна земја членка на ЕУ, земја членка на НАТО“ истакна тој.

Видимче го најавуви почетокот на програмскиот напредок кој го нуди СДСМ, а ќе го оствариме заедно со Вашите гласови, нагласи во обраќањето, со дадената доверба за оформување парламентарно мнозинство и Влада на СДСМ која ќе го спроведе сето тоа.

- „СДСМ може повеќе. Ве покануваме заедно на соработка до победа и нова иднина на РСМ, на Гевгелија, и на секој член од нашата заедница“ истакна на крајот од своето обраќање Владислав Видимче.

Почетокот на кампањата го означија и со старт на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ со отворени јавни штандови за контакт со граѓаните и делење програмски материјали, со следење на здравствено безбеносен протокол. На овој настан беше присутна и кандидатката од ИЕ 4 од Гевгелија, Марија Костадинова, од СДСМ и коалицијата „Можеме“. (Фото-галерија)

Last modified on Четврток, 25 Јуни 2020 - 19:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.