Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за народот и државата

Понеделник, 29 Јуни 2020

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на која се обратија кандидатите за пратеници од Изборната Единица 4, заедно со носителот Зоран Заев, Соња Мираковска и Марија Костадинова од Гевгелија.

Клучни поенти во обраќањата на претендентите за оформување на новото парламентарно мнозинство и оформување на новата политички легитимна Влада во државата беа програмските насоки на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во следниот мандатен период до 2024 година.

- „Во изминатиот период носевме храбри одлуки кои моите претходници не сакаа да ги решат. Ја направивме Македонија членка на НАТО, станавме преговарач за членство во ЕУ. Потпишавме договори со соседите Грција и Бугарија кои се напоредно потпишани и на македонски јазик. Имаме лична карта во Обединетите нации за нашата земја и јазик, со потврден суверенитет за кои се бореле нашите борци од НОБ и во Илинденското востание, што ни го оставиле во аманет. Признаени сме од цел свет. Денес одлуката е дали ќе продолжиме по тој пат, или ќе се враќаме во изолација и разочарување“ ги потсети Заев гевгеличани за достигнувањата во меѓународната политика и статусот на РСМ на светската карта на заедници и држави.

Ова беа одлуки кои можеа да се решат и во минатите три децении од самостојноста на Македонија, но тогашните премиери тоа не го стотија, од несакаже, или не ззнаење.

- „Носевме храбри одлуки во корист на народот. Ја покачивме минималната плата за која Мицковски и Траковски не предупредуваа дека ќе има протести од граѓаните за неприфаќање, ја, ја зголемивме социјалната помош од 2.000 до 11.000 денари, имавме храброст да ги покачеме платите на образованието за 20%, на вработените во здравството од 10 до 25%, на пензионерите за дополнителни 1.700 денари, ја укинавме радиодифузната такса која значеше терет од 12 милиони евра за граѓаните, ја вративме ефтината тарифа за струјата која го ослободи домашниот буџет за дополнителни 10 милиони евра, со алатката „Мој ДДВ“ вративме 10,7 милијарди денари кај граѓаните. За време на ковид состојбата донесовме одлука да ги покечиме плаитите во приватниот секотр за работниците на терет на државата, од почетокот на мандатот просечната плата од 22.300 денари ја покачивме на 27.400 денари. Наша заложба е парите да ги враќаме кај граѓаните. Се заложуваме во текот на нашиот следен четиригодишен мандат просечната плата да достигне сума од 34.000 денари до 2024 година“ - им ги наброја претседателот на СДСМ и носител на изборната листа на коалицијата „Можеме“ за ИЕ 4 таксативно поваќните одлуки на кои се засниваа одлуките на владата за изминатиот период во сферата на економијата, социјалата, трудот.

- „Сега одлуката е на народот. Ова не е гола борба за власт. Сме носеле одлуки за народот и тоа светот го почитува. Со секое отварање на поглавјата за членство во ЕУ ќе се отвараат нови фондови за искористување и развој на нашата земја. Затоа Гевгелија, која е на три километри од Европа, на 15 јули ќе гласа за бројот три и за европската иднина на нашата земја, во која граѓаните ќе бидат слободни, ќе бидат татнеж на се'.
Зарем гевгеличани ќе дозволат главна порака на опозиционерите да биде обнова на рудниците во Македонија, и Југоистокот. Тие од ВМРО-ДПМНЕ ги издадоа концесиите, ние, владата на СДСМ ги поништивме концесиите за Казандол, Иловица. Што и да има под земјата, какво и да е богатство, ние и' даваме предност на здравата еколошка средина, здравото и еколошки чисто земјоделско производство, пласман на земјоделските производи на светските пазари кои се' повеќе се отвараат за нас како земја членка на НАТО и идна членка на ЕУ“, им порача Заев на Гевгеличани.

Гевгелија не е заобиколена ниту со последните економски мерки за справување со корона кризата: „350 фирми од Гевгелија добија средства за исплата на плати на вработените, 56 фирми добија кредитни линии од Државните финнсиски проекти, 5.400 граѓани добија државна платежна картичка. Тоа се конкретни пари за граѓаните, а не за споменици. Да имаа можност да слушнат Леонид Јанков и Сава Михајлов што нудат од опозицијата ќе се запрашаа: „Што е тоа ВМРО-ДПМНЕ?“ Обнова треба на ДПМНЕ, а не на државата. Нивната обнова е да имаме човечиња и индијанци, да имаме повторно случувања како 27 април, да имаме затварање на новинари, на невини граѓани“ посочи Заев.

Затоа тој порача сега се одлучува дали сакаме одлуки кои ќе значат пари за граѓаните. Зошто има пари во нашата земја, само што во минатото се трошеле на споменици и на глупости. Ние со трите економски столба ги враќаме кон граѓаните. Со шетвртиот столб ќе се усмериме на поратс на платите, на социјалните програми, на социјалните пензии.

- „Државата има обезбедено 400 милиони евра за следниот корона бран, пари има и за здравството, и за поддршка на работните места и за најсиромашните, порача Заев на трибината во Гевгелија која се одржа на отворено на паркот до стамбениот комплекс до Градкото пазариште, со примена на дистанца, ограничен број присутни и задолжителни заштитни маски за сите учесници на трибината.


Last modified on Понеделник, 29 Јуни 2020 - 23:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.