Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Билборд кампања

Понеделник, 06 Јули 2020

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија поголем дел од своето рекламно приближување до грасачите партиите да го насочат кон електронските медиуми, социјалните мрежи и традиционалното плакатирање и огласување на своите пораки преку билборди.
Иако изминува 13-от ден од предизборната кампања сепак на теренот на општина Гевгелија не е видлива плакатна ангажираност.
Ги затекнавме билбордите во центарот на градот и првата помисла е што коинцидираат со местата на политичките понудувачи каде е лоциран рекламното пано.

СДСМ и коалицијата со својот слоган „Можеме“ стојат пред зградата на Општинскиот Суд, навестувајќи правда која треба да ја испорачат согласно отварањата на секои од поглавјата за прием во ЕУ, ветинг за судстото, потекло на имотот на секои од судиите во сите нивоа.

ВМРО-ДПМНЕ со својот слоган „Обнова“ стојаѕ на билборд пред поранешната зграда на „Радио Телевизија Гевгелија“ - локален јавен медиум кој и покрај законски дадената можност за трансформација нивниот министер за економија (од 2006 до 2009) не ја заврши трансформацијата цели три години, нивниот градоначалник ја затвори „РТГ“ на каубојски начин со ланец и катанци без никаква законска надлежност за тоа (08.09.2009), а откако „РТГ“ ги доби сите судки предмети во своја корист и пресуда за враќање на владеењето на своите работни простории, министерот за финасии Ставрески пресуди со ликвидација на локалниот јавен медиум (15.05.2012). Така да, од изјавите на носителот на изборната листа во 4-та за ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме дека „Обновата“ ќе значи обнова на локалниот медиум, освен ако не мислат на обнова на медиумскиот „масакар“ на сите кои што не се под нивната партиска капа - односно палка на раководење.
Под објектот на „РТГ“ е Банка, синоним за пари и богатство - па дали „Обновата“ асоцира на понатамошно крадење на граѓаните, олеснување на државниот буџет ако би дошле на власт, понатамошно богатење на партиските љубители на тендерски провизии...

Општина Гевгелија огласи дека организаторите на изборна кампања имаат ограничен простор за рекламирање - кај столбовите на надвозникот на влезот во Гевгелија и на северниот ѕид од оградата на градскиот стадион. За редоследот на поставувањето на плакатите беше најавено жребување меѓу партиите и коалиции учесници на изборна кампања. Но еве, нашиот објектив улови дека плакатите не им се во преден план, барем до сега.

 

Last modified on Понеделник, 06 Јули 2020 - 15:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.