Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Министерствата за земјоделство и екологија посветени на Дојран и Дојранското езеро

Петок, 10 Јули 2020

Општина Дојран која се простира на еден од трите природни езерски убавици во државта, Дојранското езеро, неделава и вчера го привлече вниманието и ангажманот на ресорните министри за земјоделство и за екологија и животна средина.
Вчера во посета на локалната самоуправа и во обиколка на земјоделските терени и површини беше Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.

На средбата со градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов било разговарано за се' она што досега се реализирало од страна на МЗШВ и за идните планови со кои заеднички ќе се овозможи уште поголем развој на оваа општина.

- „Во овој крај од земјоделско производство егзистираат околу 250 семејства кои воглавно одгледуваат лозови насади, градинарски култури и овошни видови. Во изминатиов период оштината инвестираше во изградба на пристапни патишта до земјоделските површини, со што на земјоделците значително им е олеснета работата.
Со езерото веќе една година стопанисува концесионерот „Костреш 2018“. Од досегашната грижа за езерото тие покажаа дека се посветени кон зачувување и збогатување на рибниот фонд, но и за заштита на животната средина“ истакна министерот.

- „МЗШВ во целокупното десегашно работење градеше развојна политика за сите региони во државата. Грижата за сите, ја продолжуваме и во следниот период“ истакна на средбата со дојранчани и градоначалникот Ангов, министерот за земјоделство Димковски.

Пред една недела во посета на Дојран беше и заменик Министерот за Животна средина и просторно планирање Јани Макрадули со кого градоначалникот заедно направија увид на расчистување на крајбрежјето, со што ќе се отворат нови плажи, а со рачистувањето на крајбрежјето ќе му се дозволи на езерото по природен пат да се чисти.

- „Направивме увид во изведба на градежните работи за реконструкција на трите постоечки објекти на општината кои се рекоструираат и адаптираат во објекти за едукација, лабораторија и истражување и мониторинг на Дојранското езеро. И покрај вонредните услови за работа, заради справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19, продолжуваме со реализација на градежните активности, заради заштита на квалитетот на водите и самото езеро, изјави зам.министер Макрадули.
Денеска градоначалникот Ангов објави по трет пат дека лабораториските анализи за квалитетот на водата во Дојранското езеро е безбедна за капење.

Сезоната може да се надева на полно домашни гости и туристи од земјава.


Last modified on Петок, 10 Јули 2020 - 22:37

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.