Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Пристигна избирачкиот материјал во ОИК Гевгелија, право на глас имаат 19.107 граѓани

Сабота, 11 Јули 2020

Општинската изборна комисија во текот на вчерашниот ден го прими гласачкиот материјал, паравани и заштитна опрема за гласање во услови на корона, со цел заштита на избирачките одбори и заштита на гласачите во текот на деновите на гласање.
Материјалите до сите Општински изборни комисии ги дистрибуираше вчера Државната изборна комисија.

Со приемот на гласачките материјали познато е и конечното гласачко тело во Општина Гевгелија, тоа се 19.107 полнолетни граѓани со право на глас кои се дел од изборачкиот список за Општина Гевгелија.

Од ОИК за GevgelijaNet известуваат дека од овој број 187 лица се пријавиле да гласаат дома, поради здравствени причини, болест и немоќни лица.
За прв пат ја имаме и категоријата „ковид-19 позитивни“ кои гласаат посебен ден (во понеделникот на 13 јули) и за нив е формиран посебен гласачки одбор составен од медицински лица. Во Општина Гевгелија има пријавено само едно лице со дијагноза ковид -19 кој побарал да гласа во домашни услови.

Следниот ден, вторникот, 14 јули, кога гласаат болните и изнемоштени лица, ќе гласаат и лицата кои се на издржување казна затвор во казнено поправните установи во државата. Такви има 29 лица кои се додаваат на утврдениот број гласачи во Гевгелија, што значи вкупната бројка на граѓани со можност да се изјаснат за својата изборна опција на предвремените Парламентарни избори е 19.136 лица.

Од општинската изборна комисија не' известија дека комисијата е во постојано заседавање уште од февруари годинава, со првичната дата определена за изборно изјаснување 12 април, направија малку пауза со корона кризата и продолжија со наредните подготовки. Така, не известуваат дека ги подготвуваат 37-те избирачки места за изјаснување на граѓаните од општина Гевгелија.
Промена им за две избирачки места:
- за Избирачкото место 344 „Водна заедница“ кое се преместува во новоизградените простории на СОУ „Јосиф Јосифовски“ и
- Избирачкото место 345 „Работен Клуб на Агенцијата за вработување“ кое се сели во Клубот на пензионери, лоциран на улица „Маршал Тито“ во Гевгелија.
- И секако, останува промената од последните претседателски избори кога лицата од село Габрово кои се под 10, а со право на глас, своето избирачко право ќе можат да го искажат на избирачкото место во село Петрово.

Петчлениот состав на ОИК со по петмина заменици и секретар и заменик секретар, вкупно 12 лица, се во постојана работна активност до почетокот на гласањето 13, 14 и 15 јули, се' до изготвувањето на записниците и утврдувањето на конечните резултати и решенија за избор на пратеници. Гласањето е целосно безбедно според протоколот од Министерство за здравство, со дезинфекционен гел, заштитни маски и дистанца од 2 метри од секој гласач.

 

Last modified on Сабота, 11 Јули 2020 - 20:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.