Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Заев и Димитров во Миравци: „Сите правци водат во Миравци“

Сабота, 11 Јули 2020

Миравчани горди што од своето место ќе го имаат новиот пратеник од редовите на СДСМ поплааднево со интерес ја проследија граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ што ја предводи СДСМ.
Говорници на трибината беа Марија Костадинова, кандидат за пратеник од ИЕ4 која живее и работи во Миравци, долгогодишен образовен работник и директор на ООУ „Климент Охридски“, потоа министерот за надворешни работи Никола Димитров и лидерот на СДСМ и предводник на коалицијата „Можеме“ Зоран Заев.

Димитров ги крена миравчани и жителите од околните населени места кои дојдоа да ја проследат трибината, со пораката: „Сите правци водат во Миравци“, алудирајќи дека со својот кандидат за пратеник од ова населено место, Миравци нема да биде заобиколено во никоја мерка и проектна развојна цел која СДСМ ја испорачува во својата изборна програма за претстојниот мандат 2020-2024 година.
Тој им ги потенцираше на граѓаните на Миравци досегашните достигнувања на Владата која ја предовдеше СДСМ и стремежите на новата коалиција „Можеме“ под водство на СДСМ:
- „Ќе не' биде. Го направивме невозможното, тоа што 29 години некои го одлагаа, станавме членка на НАТО. Ќе работиме и ќе испорачаме позитивни поглавја за членство во ЕУ. Затоа ни' е потребен новиот мандат од Вас граѓаните. Македонија да ја внесеме и во ЕУ. Од овде го имате и вашиот кандидат за пратеник. Одовде од Миравци, со вашиот глас ќе ја започнеме новата иднина на нашата земја и за сите граѓани во државата“, порача Димитров.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев со народски речник им се приближи на граѓаните со мерките кои ги одвои Владата на СДСМ, со повраток на пари до граѓаните, побраток на ДДВ, зголемени социјални примања, зголемени плати, зголемени субвенции за земјоделците, за прв пат воведување помош на земјоделците „зелена нафта“, но не ги прескокна ниту големите државнички достигнувања кои ја воведоа РСМ во друштво со најмоќните земји во светот:

- „Пред нас е неповторлива шанса. Влеговме во НАТО, ги отвораме поглавјата со ЕУ. Сега мегданот е дома, во подигнување на економијата, зголемување на платите и пензиите, јакнење на економските капацитети на сите семејства во државата. Да продолжиме по исправниот пат. На 15 јули, сите заедно за број 3, за коалицијата „Можеме“, за уште повеќе, за уште подобро, за сите граѓани во Република Северна Македонија“, им порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на жителите на Миравци.

Кандидатката за пратеник Марија Костадинова пред своите сограѓани се обрати на неколку сегменти, но најблиску професионална е темата образование каде има вложено 16 години професионален труд. Таа истакна дека:
- „Квалитетното образование е предуслов за новата развојна економија која ја подготвува коалицијата „Можеме“. Во својата изборна програма за новиот мандат се фокусираме на следните приоритети: Платите на наставниот кадар се зголемени како никогаш досега и ќе растат уште повеќе, а ќе се обезбеди и буџет за унапредување на наставниот кадар, ќе ги поврземе сите основни училишта со ултра брз интернет; ќе обезбедиме интерактивни училници, дигитализација и трансформација на наставната програма; ќе донесеме Национална стратегија за дигитализација на образовниот систем; Воведуваме задолжителен здрав оброк со овошје и зеленчук во сите основни и средни училишта; воведуваме медиумска писменост во училиштата“ истакна Костадинова.
Марија се заложи и за Отворање младински центри во сите 80 општини во државата, секако и во Општина Гевгелија како придобивка за активирање на младите и новен проактивен социјален ангажман, културен развој и забава.

Миравчани ја проследија граѓанската трибина на плоштадот пред Културниот дом во Миравци, според строг ковид протокол, а голем дел од присутните од ладовините во паркот и околните улици околу домот ги проследија обраќањата на претставниците од „Можеме“.


Last modified on Сабота, 11 Јули 2020 - 23:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

Честит 2 август – Денот на републиката

Денешниот втор августовски ден 2020 Македонија го слави Денот на Републиката,

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.