Јули завршува со две температурни 40-ки за Гевгелија

Среда, 29 Јули 2020

Иако деновиве просечната темпреатура во јули се движеше од 35 со неколку 38-ци за кои велевме дека е жешко, мислевме дека јули ке не' одмине без своите вообичаени 40 степени целзиусови дневна температура за Гевгелија.
Ете, метеоролозите не разуверуваат дека сепак последните два дена од јули не очекуваат жешки 40-ки над нулата.

Денеска, среда, не' очекува топол ден со максимални 39 степени целзиусови дневна температура. Во деновите 30 и 31 јули, четврток и петок не' очекува дневна температура која ќе се движи до максималните 40 степени. Ќе биде сончево и многу топло со слаб умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде висок еднаков на 9, што значи треба да ја избегнувате директната подолготрајна изложеност на сонцето заради можна дехидрација, покачување на крвниот притисок, мачнина и последици по здравјето ообено за хроничните болни.
Чувството на 40-та над нулата од целзиусовата скала ќе се осеќа како спарнина се' до 17 часот. Од 17 до 20 часот температурата ќе опадне на 32 степени. Ноќната температура ќе биде пријатна со максимални 25 степени.
Петокот, не очекува втората температурна 40-ка од јули. Попладне ќе има услови за краткотрајна локална нестабилност. УВ индексот и понатаму ќе биде 9, значи директното изложување на сонце не е пожелно во текот на денот. Атмосферскиот притисок и понатаму е над нормалниот со 1015 hPa, што е за 35 единици повеќе од нормалниот па тоа влијае на лицата со срцеви и кардиоваскуларни заболувања.

Сабота и почетокот на новиот месец август за гевгеличани ќе донесе и понатаму топло време со максимални 38 степени и константниот УВ=9. За празничниот 2 август, не' очекуваат 36 степени.

Подгответе се за гевгелиските температурни 40-ки. Пијде доволно вода, носете шапка кога сте на сонце, избегнувајте престој на директно сонце од 12 до 17 часот. За хроничните болни препорачливо е да ја пијат својата редовна терапија и да не се изложуваат на сончевиот ден од пладне до 18 часот.

Управата за хидрометеоролошки работи на РСМ за температурните 40-ки на југот најави со „Актуелно предупредување“ дека: „Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени.“ Тоа е официјалн потврда дека не треба да се шегуваме со топлото време.

Јули си ја покажува летната температурна моќ. Да видиме што ќе ни донесе август кој е пред нас.


Last modified on Среда, 29 Јули 2020 - 05:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.