Топ Новости
Приведен крадец од Гевгелија - Вторник, 24 Ноември 2020 16:55

Една фирма во Гевгелија, 2 од Богданци и 4 во Валандово, искористиле владина помош, а не исплатилe плата на вработените

Петок, 31 Јули 2020

За април 2020 година една фирма од Гевгелија и две фирми од Богданци искористиле финансиска помош за исплата на минимална плата за своите вработени која изнесува 14.500 денари.
Тоа се фирмите „ССК-90“ ДООЕЛ Експорт-импорт Гевгелија со регистрирана дејност „Трговија на големо освен трговија на моторни возила и мотоцикли“ со пријавена потреба за покривање на гарантирана плата на еден (1) вработен во вредност од 14.500 денари.

Според листата која ја обави Владата на РСМ овие средства се исплатени на сметката на фирмата, но од страна на фирмата не биле исплатени како гарантирана минимална плата за пријавениот еден вработен.

Во соседната општина Богданци таква комотност си дозолиле две фирми, за помош примена за плата за месец мај 2020:
1. „Фенико 2000 Милчо“ ДООЕЛ со дејност „Производство на фабрикувани метални производи освен машини и опрема“ каде била пријавена помош за исплата на минимална плата за еден вработен во вредност од 14.500 денари, но истата иако била исплатена од Владата кон фирмата, правното лице не исплатило плата кон пријавеното вработено лице.
2. „Дивино“ ДОО Експорт-импорт с. Стојаково Богданци исто така користело владини средства од Програмата за финансика помош за надминување на економските последици од ковид 19. Фирмата е регистрирана за „Производство на пијалоци“ и пријавила двајца (2) вработени, искористила владина финансиска помош од 14.500 денари. Овие средства не биле исплатени кон вработеното лице.

Во општина Валандово таква неодговорност кон финансиката помош за ковид 19 и неисплата на плата за работниците покажале четири фирми, сите за мај 2020:
1. „Ријос трејд Станка“ ДООЕЛ Увоз-извоз Валандово со регистрирана дејност з „Трговија на мало освен со моторни возила и мотоцикли“ каде бил рпијаве 1 вработен;
2. „Органик Фуд“ ДОО Увоз -извоз с. Марвинци Валандовско, со дејност „Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив“ која пријавила 2-ца вработени и добила помош од 29.000 денари, која што не била исплатена во форма на минимална плата за вработените;
3. „ЕгзитПоол„ ДООЕЛ Валандово, со дејност „Подготовка на оброци и служење на храна“ со еден пријавен работник и добиена помош од 14.500 денари, неисплатена кон работникот, и
4. „Ријос трејд Станка“ ДООЕЛ Увоз-извоз Валандово со регистрирана дејност за „Трговија на мало освен со моторни возила и мотоцикли“ каде бил пријавен 1 вработен, исплатена им е владина помош од 14.500 денари, а овие средства не ги добил пријавеното вработено лице. (Ријос Трејд фигурира два пати на списокот што го објави Владата на РСМ и Генералниот секретаријат, првата под реден број 114, втората под реден број 394.

Трите јужни општини го оштетиле буџетот за вкупно 116.000 денари. Без минимална гарантирана плата останале 8-мина вработени од регионот: 1 од Гевгелија, 2-ца од Богданци и 4-ца од Валандово. Општина Дојран не се појавува на списокот - црната листа на правни лица кои користеле државна помош за исплата на плата на вработените, а тоа не го сториле туку средствата ги присвоиле.

Управата за јавни приходи завчера објави дека вкупно 281 работодавач кои примиле финансиска поддршка за месец април годинава во износ од 9.995.565 денари, не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, односно за месец мај вкупно 427 компании воопшто не исплатиле плата за 984 вработени, а добиле финансиска поддршка во износ од 13.698.998 денари.

За злоупотреби на субвенциите, синдикатите бараат директно исплаќање на сметките на работниците.

 

Last modified on Петок, 31 Јули 2020 - 22:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.