ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот простор

Петок, 07 Август 2020

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за работа на училиштата и градинките, а во овој период на подготовка на стартот на учебната година училиштата забрзано ги изведуваат своите планирани градежни и комунални изведби на своите објекти и наменскиот простор.

Така, сведоци сме дека во тек е уредување на училиштниот двор на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. Целата површината на дворното место се поплочува со бекатон-плочки, а на дел од училишното игралиште се поставува армирана бетонска ограда, од влезот што се наоѓа на улицата „Ѓорги Стамков“.
Директорката на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, Кети Аврамчева, при вчерашниот увид во работата од страна на локалната самоуправа најави дека во училиштниот двор ќе се инсталираат нови приклучоци на постоечката водоводна канализација за поставување распрскувачи за наводнување на зелените површини. Исто така, старата порта на главниот влез, ќе биде заменета со нова клизачка порта, а ќе бидат заенети и монтирани нови порти на другите два влеза во училиштниот објект.

- „Овие зафати за уредување започнаа со цел, пред почетокот на новата учебна година, дворната површина на нашето училиште да добие нов, модерен изглед, а истовремено да се подобрат условите за престојот на нашите ученици и пристапот на движење за време на училишните одмори“, истакна Аврамчева.

Средствата за сите изведбени работи и материјали за градежните зафати се обезбедени од Буџетот на училиштето, преку годишните дотации за уредување на образовниот и наменскиот простор на училиштето.

Слични зафати спрема потребите на објектте и во време на пандемски услови беа изведувани и во рамките на ООУ „Крсте Мисирков“, потоа за Подрачното училиште во Моин, во ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци ќе се реконструираат крововите и ќе се заменат старите азбесни табли, ќе се сменат санитарните јазли во ООУ „Климент Охридски“- Миравци, ќе заврши доопремувањето на новата угостителска сала во СОУ „Јосиф Јосифовски“, истакнуваат од локалната самоуправа која ги трансферира наменските средства од директните дотации на Буџетот на РСМ во локалниот буџет за строго наменска цел - за образовните институции во Општината.

Фото галерија: од ФБ пост на градоначалникот Поцков за извршениот увид на работите 


Last modified on Петок, 07 Август 2020 - 15:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово

Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.