Донација од „КАМ“ за социјално загрозените семејства во Гевгелија

Среда, 19 Август 2020

Шеесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена се предадени од фирмата „КАМ“ ДОО Скопје на општина Гевгелија со цел да дадат хуманитарен прилог за помош на социјално загрозените семејства од општината.

Станува збор за самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ“ ДОО Скопје во форма на материјални добра наменета за социјално-ранливите семејства од општините ширум државата за време на пандемијата предизвикана од Корона вирусот, а еве со денешното предавање на пачетите, со срочен записник за прием од Општина Гевгелија, дознаваме дека и нашата општина не е заобиколена од акцијата на „КАМ“.

Донацијата лично ја врачија директорот за продажба на „КАМ ДОО“ маркетите, Дарко Николиќ и регионалниот директор, Јордан Костов на остварена средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков.
Градоначалникот Поцков изрази голема благодарност до директорот - управител на „КАМ ДОО“, Тања Камчева - Лазаревик за покажаната општествена одговорност.

Општината во соработка во соработка и по список од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Гевгелија пакетите ќе ги намени на 60 социјално-загрозени семејства од општина Гевгелија, во кои спаѓаат корисниците на минимална гарантирана помош, корисниците на Народната кујна и корисниците кои го искористиле правото на еднократна парична помош. Делењето на пакетите ќе го реализираат деновиве, членовите на невладината организација „Чејнџмејкерсфорол“ во договор со Општината.


Last modified on Среда, 19 Август 2020 - 16:45

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.