Проект: „Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија“

Понеделник, 24 Август 2020

Општина Дојран како најужен туристички центар во државата со средства доделени од Европските фондови за развој деновиве со забрзани активности на терен започна да го спроведува проектот „Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија“.
Проектот вреден 45.211.704 денари се спроведува преку програмата за инфраструктурни грантови - ПЛРК (проект за локална и регионална конкурентност) и истиот е финансиран од Европската Унија и Владата на РСМ.

Со него се предвидува партерно и хортикултурно уредување на Зелена рекреативна зона- Градски парк Дојран, санација на оштетени делови на Отворена летна сцена, асфалтирање на улица до истата и партерно и хортикулурно уредување. Вкупната површина која треба урбано да се уреди и зазелени изнесува 36.000м2, со дополнителни содржини кои опфаќаат изградба на летниковци, детски игралишта, игралишта за домашни миленици, и простор за рекреативни друштвени игри.

Во петокот беше извршен увид во градежните активности на проектот ,Дојран туристички бисер на југоисточна Македонија", од страна на проектната единица на LRCP и надзорот на проектот Еуро Консалтинг.

Градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов со нескриена гордост известува дека „Општина Дојран беше прво рангирана Општина, со освоени најголем број поени и најголем износ на парични средства од програмата на LRCP“.

Зелената рекреативна зона на влезот од Стар Дојран, каде започнува плажата од вилата на Претседателот на државата, (поранешна вила на ИС на СРМ), ќе се простира на површина од 20.700 м2. Пешачките патеки ќе бидат дел реконструирани и доградени, во вкупна должина од 830 метри. Планирано е и целосно осветлување на овој потег од парк зоната каде се предвидени да бидат изградени и детско игралиште со површина од 270 метри квадратни, поголемо детско игралиште со други содржини на површина од 540 м2. Предвиден е и простор за миленици, со урбана опрема за нивна намена, а на располагање ќе им биде на сопственицитекои ги шетаат и разонодуваат милениците површина од 600 метри квадратни.
- „Се се тоа нови содржини, нови елементи за подобрување на урбаната слика и понуда на Дојран како рекреативен туристички летен центар кој со својата понуда треба да биде актуелен и за другите туристички сезони од годинара“ - изјавува градоначалникот Ангов, во корист на проектот кој веќе е во полн ек на изведба.

Со овој проект ќе се обнови, реконструира постојниот простор на Летната сцена изградена пред 15-на години со асфалтирање на пристапен пат до неа во должина од 100 метри, на локацијата позната како „Златен брег“. Искршените седишта и затревениот простор околу сцената налагаат таа да биде обновена, а просторот во и околу неа со површина од 3.600 метри квадратни да биде уреден и хортикултурно оплеменет.

Во прилог на зголемувањето на туристичката понуда за посетителите на Дојран се и постојните проекти за реставрација и реконструкција на некогашната „Турска бања“, или „Градскиот амам“, „Саат кулата“ и пристапни патеки до истите, кои општината Дојран ги спроведува и реализира со помош на средства од ИПА програмата на Европската Унија. Овие средновековни историски-туристички атракции на Дојран ќе бидат дизајнирани во оригинален сувенир од Дојранскиот крај, покрај веќе познатата рибарска куќичка и автентичната Саат кула од Стар Дојран.

 

Last modified on Понеделник, 24 Август 2020 - 15:25

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.