Јавен повик за невработени лица за општокорисна работа

Вторник, 25 Август 2020

Преку проектот „Можности за сите“ што го спроведуваат УНДП и Општина Гевгелија во период од 6 до 9 месеци ќе бидат ангажирани невработени лица за изведување општокорисна работа за која ќе добијат и паричен надомест од 9.000 денари нето износ.
Заинтересираните невработени имаат можност да се јават на јавниот повик кој го огласи општина Гевгелија и истиот ќе трае до 27 август. Право на учество во имаат сите евидентирани невработени лица, а предност ќе имаат оние кои за првпат се јавуваат за учество во Програмата. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријави за учество во Агенцијата за вработување- Центар за вработување- Гевгелија до крајот на работната недела (27 август), од 09:00 до 14:00 часот.

Програмата за Општинско-корисна работа, 2020 година опфаќа ангажман на еден образовен асистент за деца со попреченост асистент (педагог, психолог, дефектолог, дипломиран наставник и социјален работник исклучиво со деца) во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија) и три негуватели на стари лица, а ќе бидат финансиски поддржани 80% од УНДП И 20% од страна на Општина Гевгелија.

Право да конкурираат имаат:
- долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години;
- лица корисници на гарантирана минимална помош;
- лица кои имале стаус на деца без родители;
- лица со попреченост;
- жени припадници на ромската етничка заедница;
- лица припадници на ромската етничка заедница;
- лица на кои им е решен статусот со лична документација;
- самохрани родители;
- родители на деца со пречки во развој;
- родители на 3 и повеќе деца;
- лица со незавршено средно или пониско образование.

Невработените кои ќе бидат анфгажирани со овој јавен повик ќе работат со скратено работно време од 20 часови неделно. Во периодот додека невработените лица бидат работно ангажирани, истите нема да го загубат статусот на невработено лице, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Ангажманот на избраните лица ќе започне од 1 септември, 2020 година.

 

Last modified on Вторник, 25 Август 2020 - 14:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.