Заев и пратениците министри си поднесоа оставки од Собрание, Заев ќе биде кооптиран со Ѓавочанова од Богданци
Лидерот на СДСМ Заев најави дека ќе го поднесе предлогот за влада откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Собранието.
- „Прво Парламентот мора да го утврди бројот на потпретседателите и уште некои други одлуки, а исто така, треба да го верифицира мандатот на следните пратеници кои доаѓаат од листите. Штом заврши Собранието со сите овие претходни постапки, веднаш ќе го доставам предлогот за влада и владината програма до Парламентот“, изјави Заев за ТВ21.
Денеска Собранието на РСМ ги утврди потпретседателите на Собранието, ја прифати оставката на пратеникот од ДУИ Флорин Бесими кој според Антикорупциска комисија има судир на интереси да гласа за својот брат Фатмир Бесими кој е кандидат од ДУИ за министер во состав на новата Влада.
Собранието денеска ја прифати и оставката од пратеничкото место на мандатарот Зоран Заев, кој ја предоводеше изборната листа за пратеници од коалицијата „Можеме“ за ИЕ 4. Во 4-та беа освоени 10 пратенички места. По повлекувањето на Заев од пратеничката функција, на негово место се кооптира следниот кандидат за пратеник од листата, а тоа е Драгица Ѓавочанова, член на ОО на СДСМ Богданци, кандидирана и прифатена на последниот конгрес на СДСМ. Ѓавачанова е наставничка по математика, а во последните неколку години е дел и од Советот на Општина Богданци.
Со тоа Богданци во 30 години парламентарна демократија го добива својот трет пратеник во Законодавниот дом, после Ристо Стамковски кој беше член на првиот парламентарен состав избран 1990 година и Владо Паунков во периодот од 2002 до 2006 година, и двајцата од редовите на СДСМ Богданци.
Со верификација на мандатите на новите 9 пратеници кои треба да ги заменат местата на пратениците кандидати за министри, мандаторот најавува дека утре ќе биде спремен составот на новата Влада да го достави на усвојување пред Собранието.
Рокот до кој треба да биде поднесен предлогот за состав на нова влада е 2 септември.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Водосвет годинава во црковните храмови
Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време
АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис
Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар