Родителите ослободени од плаќање партиципација за детските градинки во Гевгелија

Четврток, 27 Август 2020

Управниот одбор на Јавната детска установа „Детска радост“ од Гевгелија на 19 август донесе одлука со која ги ослободува родителите на запишаните 800 деца кои ги користеа услугите на детските градинки и клоновите во Гевгелија и населените места од плаќање на режиските трошоци за месеците јуни, јули и август 2020.

Одлуката на управниот одбор стапи на сила со денот на донесувањето, а денеска за неа ќе се изјаснуваат и членовите на Советот на општина Гевгелија - орган кој е оснивач на Установата според Статутот и обврзан да се изјасни за ваквиот вид одлуки кои се одразуваат на финансиското работење на установата.

Ваква одлука УО на ЈОУДГ „Детска радост“ донесе за месеците март, април и мај, со која што родителите беа ослободени од трошоците за партиципација за децата запишани за престој во установата. Одлуката следуваше по прогласувањето епидемија на корона вирусот во државата и мерката на затварање на градинките, како во Гевгелија, така и ширум РСМ.
Општина Гевгелија и членовите на Советот на општината меѓу првите општини во државата ја прифатија одлуката на УО за ослободување на родителите од плаќање партиципација за децата запишани со престој во градинките во Гевгелија и постојните клонови - два во Гевгелија и во населените места Миравци, Негорци и Богородица.

По истата логика, актуелноста на корона епидемијата, мерките за заштита од Ковид-19 и се' уште не функционирањето на гадинките, не примањето деца за згрижување, се очекува денеска Советот, на својата 48 седница, едногласно да ја прифати одлуката на УО на ЈОУДГ „Детска радост“ и родителите кои имаат запишано дете/ца да бидат ослободени за плаќање партиципација за режиските трошоци за месеците од изминатото тромесечје - јуни, јули и август. Со одлуката 800 родители ќе заштедат по 4.470 денари по дете, а ЈУ ќе се откаже од над 3,5 милиони денари приходи од својата основна дејност.

- „Имено, од плаќање на месечна партиципација за престој на децата во градинките, во износ од 1.490 денари месечно, ќе бидат ослободени 800 родители, чии деца беа запишани и беа згрижени во градинката за месец март, пред почетокот на епидемијата. Тоа значи дека за јуни, јули и август нема да плаќаат никаква партиципација. Тоа не е и единствената мерка што гевгелиската Детска установа ја презеде за ублажување од последиците. Имено, за месец март, кога децата во градинките престојуваа само до 10 март, нивните родители платија само 521 денар, колку што изнесуваа материјалните трошоци“, изјави директорката на ЈОУДГ „Детска радост“-Гевгелија, Бети Стојменова.

Родителите веќе заштедија 2.980 со првата одлука на УО, а ќе заштедат уште 4.470 по дете со втората одлука на УО, но како се снаоѓаат за чување на своите малолетни деца знаат самите, а за тоа кога ќе профункционираат градинките за прием на децата се' уште нема конечна препорака од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и протокол за работа на градинките во услови на корона криза.

 

Last modified on Четврток, 27 Август 2020 - 03:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Водосвет годинава во црковните храмови

Пандемијата годинава ја измени и традицијата - Осветувањето на водите за време

Повеќе

АВРМ: Кредитирање на невработените до 10.000 евра за започнување сопствен бизнис

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објави оглас за

Повеќе

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.