Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Честит празник Голема Богородица

Петок, 28 Август 2020

Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица, жената Богородка, овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.

Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат пригодни претстави на настанот што црквата го слави овој ден, 28 август. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата.

Во двете гевгелиски цркви поставени се икони од Богородица на која луѓето даруваат дарови за здравје, живот и пород. Се палат свеќи за здравје на семејството и саканите, за помен на упокоените.

Симболиката на овој голем празник е да не се плашиме од смртта, бидејќи таа е само премин од еден живот во друг.

За празникот Голема Богородица, како и за Мала Богородица, обичај е, посебно жените, да почитуваат забрани кои се однесуваат на работа по дома и околу куќата. Во старо време кога дел од работата на жените било плетењето на игли, или шиењето, било востановено правилото дека на ден Богородица не е добро да се работи со рацете, посебно работи со игли, или воопшто да се почнува некоја нова работа.

Низ цела етничка Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот Мала Богородица се одржуваат масовни народни собири.

Се верува дека Богомајката Марија воскреснала како и нејзиниот син Христос и со тоа нејзиното успение значи живот, а празник се нарекува „Празник на мајката на животот“.

На овој ден Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана и други изведени имиња од името Марија.

Завршија 14 дневните пости пред овој празничен ден Богородица, празнувајте го за здравје, за семејна среќа и благодет со полни трпези и нови принови.


Last modified on Петок, 28 Август 2020 - 18:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.