Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Усвоени новите цени за услугите на ЈПКД „Комуналец“ за 2021-2023

Понеделник, 31 Август 2020

Цените за услугите на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија во наредните три години на предлог на Управниот одбор се корегираат за 4% до 19% погоре. За овие одлуки минатиот четврток се изјаснуваше и Советот на општина Гевгелија, на својата одржана 48-ма редовна седница, како локален орган кој е оснивач на локалното јавно комунално претпријатие.

Претставниците во Советот на Општина Гевгелија дадоа „зелено светло“ за прифаќање и примена на одлуките на Управниот одбор на ЈПКД „Комуналец“ кои се однесуваат за цените за водоснабдување, цените за одведување урбани води, како и цена за прочистување на отпадни води за периодот од следните три години 2021-2023 година.

Цените за снабдување со вода за пиење во 2021 година за физички лица ќе изнесува 18,36 денари на метар кубен, а за правни лица 34,14 денари. Во 2022: за физички лица 18,58 денари, а за правни 33,62 денари. Во 2023: за физички 19,10 денари, а за правни 33,60 денари.
Сегашната цена за водоснабдување за физички лица е 17,50 денари за 1м3 што значи дека следната година покачувањето на цената изнесува само 0,86 денари номинално, (или 4,9% процентуално).

Цените за собирање и одведување урбани отпадни води во 2021 година за физички лица ќе изнесува 4,82 денари на метар кубен, а за правни лица 9,06 ден. Во 2022: за физички лица 5,28 денари, а за правни 9,67 ден. Во 2023: за физички лица 5,95 денари, а за правни 10,60 денари.
Сегашната цена на комуналното за оваа услуга изнесува 4,04 денари за 1м3 а со новата цена за 2021 услугата ќе се покачи за 0,78 денари (или 19,3% во проценти изразено).

Цената на услугата за прочистување отпадни води за периодот 2021-2023 останува иста како сегашната која се применува во 2020 година, односно ќе изнесува: за физички лица 8,50 денари на метар кубен, а за правни 19,12 денари и за наредните три години 2021-2023.

Напоредно со ова, Советот на Општината го усвои Ценовникот за услуги на ЈПКД „Комуналец“, во кој се утврдени надоместоците за приклучок на водоводна мрежа, надоместок за приклучок на канализациона мрежа, одржување на јавно-прометни површини и хортикултурни и други услуги за паркови и зелени површини.

Прилог: Одлуки за цени за водоснабдување, одведување на урбани отпадни води и цени за прочистување на отпадни води

 

Last modified on Понеделник, 31 Август 2020 - 14:51

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.