Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Смоквијада 2020 - во домашни услови, заради пандемијата

Среда, 02 Септември 2020

Традиционалната гевгелиска манифестација „Смоквијада 2020“ годинава поради пандемијата на корона ги врати натпреварувачите во варење слатко од зрели смокви на домашните огништа.
Досегашната локација на варење, дегустација, забава и прогласување на победниците на најдобро и највкусното сварено слатко од зрели смокви - Ракометното игралиште ќе остане годинава непосетено, како од натпреварувачите, така и од посетителите на манифестацијата.
Како и да е, домашните огништа веќе се разгореа. Во конкуренција се 13 натпреварувачки пара. Шест екипи веќе го сварија своето слатко дома и беа посетени од организаторот, со претходна достава на артикли за натпреварувачкиот дел, со фото регистрација на нивниот труд. Остануваат уште седум екипи да го прикажат својот завршен труд - свареното слатко, за да се премине на најслаткиот дел - дегустацијата и прогласување на победниците.

Заради пандемските услови и потребата од посебна посета на секој од натпреварувачките парови дома, со примена на мерки за заштита од корона, годинава Смоквијата се одвива во седумдневно времетраење, од 31 август до 6 септември кога ќе бидат прогласени победниците на свечена церемонија пред платото на Народниот театар во Гевгелија. Завршниот настан е закажан во 19 часот, а бројот на посетители е исто така ограничен, поради ковид протоколите.

За исполнивање на содржините и веродостојноста на манифестацијата како здрава еколошка придобивка на југот од Македонија, организаторите, Здружениеот на граѓани „Тера“ од Гевгелија, воведоа и фото натпревар со испраќање на најдобра фотографија на тема смоква, плод, дрво, композиција, аранжман од плодови и специфичниот лист од смоква и други креации на инвентивните фотографи. За најуспешната фотографија следува награда, најавија органзаторите.

Годинава не е најавен наградниот фонд за најдобрите три екипи во варењето слатко од смокви. Минатата година наградниот фонд изнесуваше 30.000 денари (по 15.000, 10.000 и 5.000 од 1 до трето пласираните парови натпреварувачи).
Годинава нема да се одржи ниту културниот дел од програмата, настапот на локалните музички уметници, гости изведувачи.

Манифестацијата „Смоквијада“ го помина своето полнолетство и годинава се одржува по 19-ти пат во Гевгелија, како културен настан поддржан од програмата за култура на Општина Гевгелија за 2020 година. Требаше да видиме нешто повеќе од носителите на „7-мо Ноемвриска награда“ како здружение и организатори на манифестацијата, но здравствената закана, короната, која речиси го парализира светот и ги постави условите за дистанца и ограничување на контактите го наметнаа новото нормално - а тоа е враќање на корените на традицијата - Варењето смокви на домашното огниште на домашно ќумбе кое се подготвува во домашните дворови, под домашна сенка и со првата домашна дегустација од домаќинката. Таа ќе каже кога шербетот е таман „врзан“. Од тоа подомашно здравје.

На здравје нека Ви е домаќини, и слаткото, и манифестацијата, и традицијата која ја негувате.

Фото: ФБ група Смоквијада

Last modified on Среда, 02 Септември 2020 - 16:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.