Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

ОКШ воведува засилена контрола на примената на заштитните мерки од Корона вирусoт

Четврток, 03 Септември 2020

Новиот корона бран во Гевгелија и актуелните 17 позитивни на територијата на општината, како и низата од 10 новозаболени од ковид-19 за само три дена го алармираше Општинскиот кризен штаб за Гевгелија кој денеска одржа седница под раководство на градоначалникот на општината и побара строги контроли од надлежните служби за почитување на антиковид мерките.  

Пред да се пристапи кон донесување на конкретни дополнителни мерки за справување со состојбата составот на Штабот беше запознаен со ковид состојбата во општината од страна на раководителот на Центарот за јавно здравје ПЕ- Гевгелија, кој е член на ОКШ. Тој посочи дека минатата недела забележан е пораст на заболените од Ковид-19 во Општината со регистрирани 10 позитивни на Корона вирус за само три дена. Истовремено, нагласи дека состојбата е стабилна и дека нема трансфер на лица на поголема површина.

Од страна на директорот на Општа болница, Митко Крџев, ОКШ беше информирано дека во дел од Ковид-центарот за тестирање, во дворот на болницата (поранешното Кожно одделение), е уреден за третман на заболените од Ковид-19 со полесни симтпоми. Ваквата потреба се наметна како неминовна имајќи предвид дека Општата болница нема Инфективно одделение, а решението е привремено – до отворањето на Регионалниот Ковид- центар, кој треба да биде готов до почетокот на октомври.

1. Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до сите граѓани и правни субјекти доследно да ги применуваат заштитните мерки од Корона вирусот, како и Протоколите за работа во услови на пандемија од Ковид 19. Исто така, апелираше до граѓаните да не ги кријат сомнителните контакти и да ги пријавуваат кај матичните лекари бидејќи на тој начин ќе овозможат непречена епидемиолошка анкета и превентивна заштита од пандемијата.

2. Во пресрет на најавеното повторно отпочнување со работа на детските градинки на 9 септември 2020 година, Општинскиот штаб апелираше до ЈОУДГ „Детска радост“ и вработените во детските градинки за доследна примена на Протоколот за повторно отворање на детските градинки, а родителите да бидат навреме информирани за преземените активности.

3. Поради зачестените појави на непочитување на Протоколот за работа на угостителските објекти и кафетерии, Општинскиот штаб побара засилена контрола на работењето на угостителските објекти и кафетерии согласно Протоколите за заштита од Корона вирусот, како и законските одредби за работно време и дозволена бучава.

4. Општинскиот штаб за заштита и спасување – Гевгелија во врска со Барањето од ЗГ „Арт еквилибриум“ за одржувањето на „12 БОШ фестивал“ заклучи ЗГ Арт еквилибриум да го организира „12 БОШ фестивал“ на ракометното игралиште и пред платото на Народниот театар, на 4-5 септември, согласно Протоколот за организирање на јавни настани.
Настанот на 5 септември, 2020 година, на ракомотното игралиште да трае од 20 до 01 час по полноќ, согласно протоколот за бројот на гостите, одржувањето на социјалната дистанца, неточење на алкохол и другите предвидени заштитни мерки.

Мерката - миење и дезинфицирање на улиците и јавните површини останува да се изведува на секои две недели во надлежност на ЈПКД „Комуналец“ а во соработка со ЦЈЗ ПЕ Гевгелија.


Last modified on Четврток, 03 Септември 2020 - 18:39

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.