Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелиските детски градинки ќе згрижат 440 деца со отварањето на 9 септември

Четврток, 03 Септември 2020

Јавната општинска установа на детски градинки „Детска радост“ во Гевгелија во своите пет објекти за згрижување деца заедно со своите клонови во населените места е подготвена да ја спроведе одлуката на Владата и МТСП за отварање на градинките на 9 септември 2020, (среда следната недела) и при тоа да згрижат 440 деца.

Во изминатите месеци се вложија сите ресурси на установата за осовременување на условите за престој на децата, санација на подови, ѕидови, набавка на нова опрема, постелнина, креветчиња, плакари, играчки и други наменски потреби за оптимално функционирање на установата.
Притоа, установата со отварањето на своите ресурси, после шестмесечно запирање на работата заради корона епидемијата во државата, на стартот за нов прием на децата е подготвена да ги запази сите Протоколи за работа на детските градинки во услови на пандемијата со Ковид-19, доставени од Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика. Согласно протоколите формирани се групите на деца со намален број и тоа во групите за јасли до 6 деца и во групите за градинка до 15 деца.

За таа цел, извршено е прегрупирање на децата во групите за да се запази оваа бројка, за што родителите потпишаа соодветни изјави.
Во градинките во општина Гевгелија ќе бидат згрижени 440 дечиња, согласно просторните и условите пропишани со протоколите. Станува збор за деца на самохрани вработени родители и деца на коишто двајцата родители се на работа, без можност за работа од дома. Родителите тоа го потврдија со потврди од нивните работодавачи за работните места кои ги обавуваат.

Во детските градинки на ЈОУДГ„Детска радост“- Гевгелија ќе бидат запазени сите неопходно хигиенски мерки за заштита од COVID-19. При приемот на децата ќе се мери температура со бесконтактен термометар на вработените, родителите што ќе ги носат децата и самите деца. За таа цел, сите влезови се обезбедени со бесконтактни термометри и пристапни бариери со дезинфекциони средства. Во самите простории на детските градинки ќе бидат засилени и зголемени мерките за заштита (хигиенски, просторни со дистанца, вработените ќе носат заштитна опрема-маски). За децата на оваа возраст не е препорачано носењето маски.

На малите жители на општината им посакуваме здрав престој во градинките, учење низ игра и забава, активна социјализација и подалеку од грижата на големите - корона заканата за општеството.

 

Last modified on Четврток, 03 Септември 2020 - 19:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.