Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

„Смоквијада 2020“ - пет наградени екипи подготвија највкусно слатко од смокви

Понеделник, 07 Септември 2020

Најслатката манифестацја која ја одбележува Гевгелија - натпреварот во варење слатко од зрели смокви заврши минатата недела, а синоќа пре платото на Народниот театар беа прогласени победниците и победничките екипи.

Годинава од 13 учеснички пара жирито имаше тешка работа - да го одбере највкусното сварено слатко од највкусните плодови на југот - смоквата.

Одлуката падна: Екипата број 12 составена од Нада Милкова и Елена Кочева го подготвија најслаткото слатко, ама рамо до рамо со нив беше и екипата број 11 составена од Марика Самарџиева и Виолета Кочева кои жирито ги награди со идентично ПРВО место - и двојни, заеднички победници на „Смоквијада 2020“.

За нијанса во вкусот, или во густината на шербетот на второто место се пласираа екипите број 5 Ѓургица и Томе Прочкови и број 7 составена од Марика и Илија Ангови.

Трето пласирана остана екипата број 3 каде со заеднички сили го крчкаа слаткото брачниот пар Сашко и Светлана Михајловски

Наградите со наградните ваучери на сите победници од прво до трето место им ги врачи покровителот на манифестацијата, градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.

Органозаторот Здружението на граѓани „Тера“ од Гевгелија не ги објави победниците на фото конкурсот за најубава фотографија на дрвото, плодот или композиција од смоквини плодови, прашање е и дали имаше учесници и интерес за ваков вид натпревар. Не ги најави нуту наградните ваучери. Но, изгледа учесниците не се водеа од паричната добивка туку креацијата на една од најстарите традиции на ова поднебје, подготовките на слатко од зрели плодови и единственото која вирее на југот од државата, смоквата. Ова слатко е толку одомаќинето во гевгелиските куќи и во домаќинствата од сите населени места во околината што стана традиционален белег на југот. Производителите на земјоделски и овошни преработки од нашиот град и општината не му одолеаја на преддизвикот, па освен слаткото од диви зелени смокви, од тиква, од лубеница, од модри сливи, ... на својата производна палета го додатоа и слаткото од зрели смокви.

Марифет е, не е за брза рака нервозни домаќини. Сака тивок оган и кроце потопување на плодовите во зовриената вода со шеќер за да не се растури плодот на смоквата. И кога ќе ја сервирате во чинија за слатко да биде сјајна, цела, не распукана, и сочна со вкусот на сварениот шербет впиен во самата срцевина на плодот.

Многу марифет, многу оценки, ама и многу победници годинава.

Купете слатко од зрели смокви од годинашната „Смоквијада 2020“ по цена од 200 денари за тегла, вкусете го најубавото слатко од југот, а средствата организаторот најавуда дека ќе бидат донирани на гевгелиското Здружение на граѓани за лица заболени од карцином „Елена Костадинова - За среќа“.

Честити за победниците! Наздравје за сладокусците!

Фото: ФБ група „Смоквијада“

Last modified on Понеделник, 07 Септември 2020 - 21:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.