Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Ученичкиот бојкот на наставата во Миравци ставен во мирување

Понеделник, 05 Октомври 2020

Два дена и два часа траеше бојкотот на 40-на ученика од шесто до девето одделение од ООУ „Климент Охридски“ во Миравци незадоволни од оддлуката на Комисијата при МОН за изведување на он лајн настава за учебната 2020/21 година.

Денеска Советот на родители при ООУ „Климент Охридски“ ја извести нашата редакција дека бојкотот после вториот час понеделнички е ставен во мирување.

- „Советот на родители со бокјотирање на онлајн наставата на првите два часа, го става бојкотот во мирување, најавува дека учениците ќе се приклучат на онлајн наставата, додека, Советот барањата повторно ќе ги упати до институциите“, се вели во одговорот на претседателката на Советот на родители од Миравци, Митра Дичева упатено до GevgelijaNet.

Таа додава дека бојкотот го подржале 40 ученика.

На прашањето од GevgelijaNet: „Кои се причините на ваквата пдлука? Дали Советот и учениците веруваат дека ќе се најде решение во скоро време, или ја прифаќаат одлуката на оОмисијата како одговор на здравствената превентива против ковидот?, од Советот одговорија:

- „Не ја прифаќаме одлуката од комисијата, продолжуаме со своите барања“.

Имено, 74 ученици од ООУ „Климент Охридски“ од Миравци од VI до IX одделение според одлуката на Комисијата при Министерството за образование со задача за определување форма на настава во училиштата низ Македонија требаше да започнат со он лајн настава уште на првиот школски дена, 1 октомври 2020 година. Наместо да се приклучат на Националната платформа за учење од далечина 46 ученика од ова училиште ја бојкотираа наставата, а истиот ден претставници на Советот на родители со родителите на овие ученици протестираа пред влезот на училиштето во Миравци барајќи настава со физичко присуство за сите ученици во училиштето. Вториот школски ден 2 октомври на он лајн платформата за следење настава не се приклучија 12 ученика, што е знак дена 3/4 од бојкотирачите се предомислиле.

За можноста за задоволување на барањето на Советот на родители директорката Васка Ефтимова ни рече дека тие како училиште се придржуваат на одлуката од МОН каде се вели дека настава со физичко присуство може да се изведува максимум со 50 ученика во училиштето. А, групата која е незадоволна и бара настава со физичко присуство брои 74 ученика.

Од Општина Гевгелија, раководителот на секторот за образование ни' посочи дека проблемот би бил надминат доколку наставниците прифателе настава со половина паралелка за да се намали бројноста на учениците. Вака, без согласност од наставниците двојно да ја спроведуват наставната програма со половина клас на два пати па другата половина, не е можно да се оди против одлуките и мерките на МОН и Министерството за здравство кое постапува според препораки на Комисијата за заразни болести и го ограничува бројот на ученици кои можат да следат настава во рамките на училиштето, (како превентива на ширењето на корона вирусот).

Одлуката на Советот на родители донесена денеска да се стави бојкотот во мирување е разумна бодејќи според Законот за образование секое неприклучување во Националната платформа за учење од далечина од страна на учениците ќе се смета за неоправдано отсуство и ќе се впишува во Дневник, а после 5 неоправдани отсуства следуваат опомени и санкции.

Со ставањето во мирување на бојкотот на учениците во Миравци денеска 2.546 ученика од општина Гевгелија се опфатени комплетно со образовниот процес: првачињата и учениците до трето одделение со физичко присуство, учениците од прво до петто одделение во ООУ „Климент Охридски“ Миравци и сите седум подрачни училишта во Општината исто така со физичко присуство следата настава во училиштата, а останатите од шесто до девето одделение и средношколците, како и учениците во музичкото училиште сите со он лајн настава преку Националната платформа за учење од далечина.

 

Last modified on Понеделник, 05 Октомври 2020 - 14:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.