Актуелната општествено-економска но и здравствена состојба во државата ги актуелизира контактите со граѓаните, организирани според ковид протоколите, и претставниците на централната и локалната власт во РСМ и Гевгелија. Поводот е новата реалност, справувањето со корона предизвикот, одржувањето на домашната економија и задржувањето на работните места.
Органозатор на средбата беше ОО на СДСМ Гевеглија која ја обезбеди посетата на претседателот на Комисијата за локална самоуправа во СДСМ - Скопје на средба со гевгеличани заедно со градоначалникот на локалната самоуправа и роководители од повеќе сектори во општината.
Дејан Палески како претставник на централната власт од Министерството за локална самоуправа и претседател на комисијата за локална самоуправа при СДСМ ги поздрави гевгеличани потсетувајќи ги на заложбите на Владата со трите пакет економски мерки во вредност од 550 и последниот со 470 милиони евра обезбедени за помош на повеќе економски сектори во државата за одржување на ликвидноста и одржување на работните места на граѓаните. Ги потсети и за заложбите за членство на РСМ во ЕУ, очекуваниот статус на полноправна членка и помошта која доаѓа од таму во вредност од 9 милијарди евра наменети скриктно за развој на Западен Балкан, каде спаѓа и Македонија. Европската Унија е збир на економски вредности кон кој стреми нашата земја и сериозно сме посветени на таа цел, истакна Палески меѓу жителите на Гевгелија.
Гевгеличани задоволни од можноста за директно испорачувње на своите барања и прашања до локалните фактори веднаш започнаа со иницијатива:
- барање да се постави светло на северната страна од Градскиот пзар кај паркингот бидејќи во оваа мрачна зона често се собираат млади и непожелни гости кои го реметат мирот на станарите;
- барање да се постават лежечки полицајци на улицата покрај блокот згради каде играат и претрчуваат деца, а автомобили со голема брзина се движат до кружниот тек на булеварот;
- барање за редовно одржување на зелено опремениот парк оформен од страна на станарите на комплексот згради до Градскиот пазар и поставување на мали „голчиња“ за децата кои си играат на тревата фудбал;
- барање за одвојување на атмосферската од канализационата мрежа на улица „Караорман“ во Гевгелија која оди до Градскиот пазар, бидејќи при секој дожд истата се поплавува;
- барање за оформување поила за домашните миленици за да се избегне сликата куче или маче да се искачи на фонтана за вода каде пијат граѓаните, со цел и тие да се напијат;
- барање за дислокација на одредени клупи за седење во паркот покрај зградите кои се мета на собирања доцна во ноќта и не е можен одмор на станарите кои утредента ги чекаат работните обврски на работно место без спокоен сон;
- барање за одобрување паркирање на автомобили во кругот на ООУ „Крсте Мисирков“ бидејќи целата фреквенција на посетители на ова училиште и родители кои ги носат своите деца не е задоволена од постојниот паркинг непосредно до училиштето, а располага со едвај 15-на паркинг места;
- барање за воведување целодневна настава за учениците кои следат настава со физичко присуство заради неможноста работно ангажираните родители да ги земат од училиште кое сега се изведува со скратени часови и да го чуваат дома, а всушност им тече работното време...
Дел од присутните на денешната средба подготвено ги дочекаа локалните претставници со писмени барања, конкретни сметки за кои бараа нивни заложби, одговор, решение.
За сето горе наведено се превзедоа обврски од надлежните да се поведе грижа за изведување на бараното, а дел, како поголемите комунални проекти беше речено дека треба да се реализираат со планот за изградба на улици и канализации во текот на првата половина од 2021 година. Освен прашањето за воведување за целодневна настава за која што директорот на ООУ „Крсте Мисирков“ посочи дека немаат дозвола за изведување бидејќи тоа значи спојување на децата од повеќе класови, а во конкретната состојба тоа значи зголемен ризик за поголем опфат на децата што не е дозволено од Комисијата за заразни болести и МОН.
Галерија
https://gevgelijanet.com/index.php/vesti/fokus/fokus/5570-gevgelicani-na-sredba-so-pretstavnici-na-centralnata-i-lokalnata-vlast.html#sigProGalleriaa0ecdcc69e
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Гевгелија вечерва со висока загаденост на воздухот
Гевгелија вечерва на апликацијата „Мој воздух“ осамна на листата на градови во
Кај Прдејци утрово спречен шверц на мигранти
Денеска, во полноќните часови, поточно 01:00 часот после полноќ полицијта
Донација од НОЕЛ за Болницата во Гевгелија
Пред нова година беше најавата за донација, а денеска истата беше предадена -
Горивата поевтинуваат за 2 денари, од ноќеска на полноќ
Вонредна седница на Регултароната комисија за енергетика, во која бензините од
Почина Бранка Станковска - доајенот на македонското спикерство
Попладнево, во Скопје почина првиот глас на Радиотелевизија „Скопје“,
Воспитувачки во Белград малтретирале 2-3 годишни дечиња
Со нога на детското стомаче, шамари, тегнење за раце, заклучување.
Во
Собранието со 62 гласа „ЗА“ го донесе Законот за попис
Собранието денeска со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе
Џо Бајден ја превзеде функцијата претседател на САД
Со свечена церемонија на која не присуствуваше претходникот Трамп, денеска
Од јануари пензиите повисоки за 185 денари
Усогласувањето на пензиите со трошоците за живот донесе покачување на пензиите
Водици со шест крштевки во гевгелиските храмови
Вековниот празник Богојавление Водици денеска освен со водосвет во црковните