Проект за заштита на биодивирзитетот на Дојранското езеро

Петок, 06 Ноември 2020

Приоритет број еден на општина Дојран е заштитата на Дојранското езеро, природното богатство кое што ја детерминира самата општина, економски и урбано.
Денеска токму езерото неговата заштита и конзервација на состојбата и постојниот биодиверзитет беa предмет на потпишување на меморандум за соработка со меѓународна организација со седиште во Скопје.

- „На наше големо задоволство потпишан е меморандум за соработка со меѓународната невладина организација „Милиеуконтакт Македонија“, а со самото потпишување Општина Дојран ќе има силен партнер во зачувување на животната средина, грижа за нашиот бисер Дојранското езеро и неговиот биодеверзитет. Ангажирањето на партнер каков што е Милиеуконтакт, посебно со ставање на располагање на сите експерти од областа на животна средина и екологија, ќе значи зголемен капацитет на Општина Дојран во изработка и аплицирање на проекти од оваа област, како и добивање на финансиски средства за истите“ истакна денеска градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.
Тој нагласува дека со помош на „Милиеуконтакт Македонија“ ќе се формираат тимови од општината кои заедно со експертите ќе работат и ќе се обучуваат, со главен акцент да се спречат загадувачите на езерото, да се зачува квалитетот на водата во езерото, а со тоа е задржуваат трајните вредности на самата Општина.
- „Ставањето и пуштање во употреба на трите реконструирани куќи кои се направени со цел да служат како научно едукативен центар, ја овозможуваат и основата за спроведување на сето ова кое е зацртано како еден од врвните приоритети“.

- „Меморандумот за соработка значи заеднички проекти со општината за подобро управување на Дојранското езеро, исто така зголемување на управувачките капацитети, но и проекти насочени директно за конзервација и подобрување на биодиверзитетот. За тоа се потребни јаки капацитети на управувачкиот орган и за тоа се надеваме на еден микс, односно мешавина на директни конзервациски мерки и засилено управување со езерото. Еден од најбитните документи во таа насока е изготвување на планот за управување со Дојранското езеро кој што го правиме во склоп на проектот кој е финансиран од партнерскиот фонд за критични еко системи кој конкретно ќе ни укаже што треба да се работи на Дојранското езеро. Планот би требало да биде готов следната година на пролет, но и без него веќе може да се работи на конкретно отклонување на еколошките загадувачи на езерото за кои се знае и не е потребен научен доказ“ истакна претставник на „Милиеуконтакт Македонија“ од Скопје.

Градоначалникот Ангов потсети дека грижата за езерото не е заборавена ниту од Владата на РСМ која во буџетот за следната година има планирано средства за реконструкција на пречистителната станица во Дојран која е еден од загадувачите на езерото. Со тоа ќе се реши овој проблем, нагласи тој.

 

Last modified on Петок, 06 Ноември 2020 - 19:59

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.