Честит празник Гевгелија - 76 години живееш во слобода!

Сабота, 07 Ноември 2020

Денес Гевгелија празнува. Во мирот на ноемвриското сонце цвеќе за благодарност од своите сограѓани современици ќе добијат народните херои, паднатите борци, носителите на Партизанска споменица од нашиот крај. Свечено се пуштија во употреба нови капитални проекти, а свечена седница ќе одржи и Советот на општина Гевгелија. Спортистите ќе трчат, велосипедистите ќе го обиколат градот во чест на 76-те години слобода. Но за да се одржи сето тоа претходеше сенародна борба против фашистичкиот окупатор и конечно влегување на ослободителната војска на НОВ и ПОЈ во слободна Гевгелија.

На овој ден, 7-ми Ноември, пред 76 години, во 1944 година, партизанските сили од гевгелискиот одред „Сава Михајлов“ формиран на Кожуф планина, спротивставувајќи се на фашистичкиот окупатор влегле и го ослободиле градот Гевгелија.

Партизаните биле дочекани со цвеќе и прегратки од жителите на Гевгелија. Со насмевки на лицето и развиорено знаме на слободата ослободителите влегле во управната зграда на Општината Гевгелија, тогаш наречена „Кметство“ според управната власт која била во рацете на бугарските окупаторски сили, како Германски сојузници и територијално надлежни за овој дел од окупирана Европа.

Од овој ден па натаму Гевгелија слободарски живее повеќе од седумипол децении.

По ослободувањето на Гевгелија и создавањето слободна територија бил формиран Народноослободителен Одбор која ја вршел функцијата на орган на народната власт, грижејќи се за снабдување на населението со основните прехранбени продукти, за општонародниот имот, за посредување во спорови меѓу граѓаните и сл. Освен тоа, НОО биле одговорни и за културно-просветниот живот на слободните територии: ги отвориле првите училишта на мајчин македонски јазик, организирале курсеви за описменување на луѓето, приредби и сл.

Завршните операции за ослободување на Македонија започнале кон крајот на летото 1944 година, предводени од Народноослободителната војска на Македонија, како составен дел од НОВ на Југославија. Народноослободителната војска на Македонија во завршните операции за ослободувањето на Македонија ја сочинувале три корпуси (15, 16 и Брегалничко-струмичкиот), во чиј состав влегуваа 7 дивизии со 22 ударни бригади, 4 артилериски бригади, 3 пионерски и една коњичка бригада.

Операциите за конечно ослободување на македонската територија се засилиле по капитулацијата на Бугарија во септември, кога народноослободителната борба добила општонароден карактер. И покрај замената на бугарските војски со германски, единиците на македонската војска во периодот од септември до ноември ги ослободиле сите градови во Македонија.

Честит празник Гевгеличани!


Насловно ФОТО: од семејниот албум на Митко Дојранлиев - партизан во НОБ и офицер во ЈНА (тој е знаменосецот кој го виори црвеното пролетерско знаме со срп и чекан на терасата од превземената општинска зграда)

 

Last modified on Сабота, 07 Ноември 2020 - 03:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.