Почина Томчо Ванчев - д-р анестезиолог од Богданци

Недела, 15 Ноември 2020

Денес претпладне по долго боедување почина д-р Томчо Ванчев (60 год.), специјалист анестезиолог кој целиот работен век го помина во Општа Болница Гевгелија на хирушко и гинеколошко одделение.

Жителите на Богданци каде беше роден и живееше Ванчев денеска се прстуваат од него со зборови на сочувство за загубата на драг човек од нивната заедница:

„Богданци денес загуби уште еден голем човек. Денес почина Д-р. Томчо Ванчев. Врвен специјалист-анестезиолог, татко, другар... Човек кој беше максимално почитуван од своите сограѓани и сите негови колеги во Македонија по својата добрина, скромност и несебичност да помага на секој.

Почивај во мир Томчо...во вечноста пронајди го тоа што неможеше овде“, напишаа богданчани на социјалните мрежи.

Д-р Ванчев денеска ја загуби битката за своето здравје со подмулката болест карцином која ја имаше дијагностицирано пред неколку години. Пред две години во септември 2018 ја загуби и судската битка во Основен Суд Велес против обвинението за случајот со смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе на која тој и' изведе три неуспешни интубации за да се изведе зафат „царски рез“. Беше осуден на 4 години затвор,  а по жалбена постапка казната му беше намалена на 1 година, му беше одземена докторската лиценца и изречена му беше забрана за вршење дејност лекар специјалист анестезиолог во траење од 5 години.

Против оваа одлука на Судот во која беа ослободени од одговорност гинеколозите кои ја започнаа постапката за изведување “царски рез“ приговор поднесе Јавното обвинителство и постапката беше вратена во Основниот Суд Велес.

Болеста и јадот беа побрзи од пресудата која психолошки му го нарушуваше кревкото здравје на Ванчев.

Денеска богданчани кои го знаат најдобро како свој сограѓанин, како татко, другар, сосед, пријател жалат за овој прерано завршен живот.

Почивај во мир Томче, само ти знаеш колку ти тежеше животот и бремето кое го носеше со себе. Ќе му раскажеш и на твојот колега анестезиологот Зоран Јовановски од Гевгелија какви премрежја помина низ судските сали, на колегата кој почина само неколку месеци по почетокот на судскиот процес со обвинение за сторени „тешки дела против здравјето на луѓето“, а беа поведени против двајцата гинеколози и двајцата анестезиолози во текот на постапката врз родилката од с.Николиќ, Дојранско.

Таму во небесата секој од Вас веќе упокоените ќе може да си ја раскажете својата вистина, својата мајка, своето помирување. Вечен спокој за сите веќе четворица упокоени од овој немил случај со родилката. Почивај во мир Томче.

 

Last modified on Недела, 15 Ноември 2020 - 16:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.