Утре прекин на електроснабдувањето во Гевгелија и Дојран

Вторник, 24 Ноември 2020

Екипите на ЕВН „Македонија“ за утре, 25 ноември, најавија шестчасовен прекин на електричната енергија во Гевгелија и тричасовен прекин во општина Дојран.

Прекин на напојувањето со електрична енергија ќе настане поради планирани работи за изведба на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа.

Во Гевгелија изведбените работи ќе бидат на потегот од влезот на градот, од почетната крстосница за влез во Гевгелија, по булевар „Гевгелија“, па се' до станбената населба „Караорман“. Сите потрошувачи на овој потег од градот, приватни семејни куќи и деловни објекти ќе бидат без напојување со електирична енергија во планираниот термин од 08:20 часот до 14:30 часот. Се известуваат имателите на семејни куќи и деловни објекти да го прилагодат својот работен процес на најавениот недостаток на електронапојување.

Во истиот ден, утре, среда 25 ноември екипите на ЕВН „Македонија“ ќе работат уште на 23 локации во државата, територијално распоредени во 12 општини.

Во утрешниот план е опфатена и општина Дојран каде ќе се работи на подобрување на електричната мрежа во Нов и Стар Дојран и тоа во населбата Карач, околу хотелот „Карпош“, Алекс Бич и потрошувачите околу Трафостаница „Каракаш“.
Работните дејствија ќе се одвиваат во терминот од 08:00 часот до 11:00 часот, поради што во тој временски термин ќе има прекин во напојувањето со електрична енергија на редовните потрошувачи кои се приклучени на оваа електрична мрежа.

И за дојранчани препораките се исти, да го прилагодат својот работен ден во најавениот тричасовен прекин на електричната енергија за да немаат производни или други деловни загуби во работата.

 

Last modified on Вторник, 24 Ноември 2020 - 20:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово

Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.