Под влијание на МНОГУ студена воздушна маса која се спушта од Арктикот, но и поради разведрувањето кое се очекува насекаде низ државава во текот на претстојната ноќ, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошно НАГЛО опаѓање и до утре изутрина насекаде ќе бидат негативни, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.
Првиот снег годинава падна на 21 ноември во Маврово, а следниот ден во Реканскиот крај, Нижополе и на Пелистер. Денеска под снег осамнаа Попова Шапка и Маврово и повисоките делови од истокот на Македонија.
Во Гевгелија до утре изутрина минималната температура на воздухот се очекува да се спушти до околу -4 степени. Максималните температури утре се' уште ќе бидат ниски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 6 степени, со умерен ветер од северен правец со максимален удар на движечка сила од 7,1 метри во секунда (послaб од денешниот ветер кој достигна 10,2 м/сек со северозападен правец). Во моментот ветерот е со брзина од 22 км/час и постепено ќе се намалува до 9 км/час во утринските часови, а осетно ќе ослабне во текот на денот (вторник) до 2 км/час во 16-20 часот.
Од среда па натака под влијание на јужно воздушно струење, температурите на воздухот ќе бидат во пораст а времето ќе биде променливо облачно со температура до 11 степен и ветре од само 1 км/час. Во петокот се очекуваат максимални 15, а во саботата 17 степени над нулата.
Подгответе се за вечерашниве минусни температури, кои во остатокот од неделата ќе преминат во позитива.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица
Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово
Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање