Денес е Светски ден за лицата со попреченост - „Мобилност“ од Гевгелија го одбележува со свои успеси
И во година на светска пандемија во услови на закана од ширење на коронавирусот меѓу населението, членовите на Здружението „Мобилност“ од Гевгелија ги остваруваа своите програмски определби за настап на спортски настани и други средби со цел одржување на позитивниот дух кај овие лица и видливост на нивните состојби и проблеми.
Во денот кога светот го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост го посветуваме овој прилог на остварувањата на Здружението „Мобилност“ од Гевгелија на годинашното Државно првенство по атлетика 2020.
Мала но надежна екипа составена од четири членови на „Мобилност“ (Николчо Пеев, Александар Талески, Љубица Марковска и Орхидеја Срезоска) годинава учествуваа на Државно првенство во атлетика во Охрид кое се одржа на 20.09.2020 година.
Остварувањата беа повеќе од задоволни - Освоија и се закитија со три медаљи и тоа Никола Пеев го освои првото место, а Александар Талески второто место, од жени атлетика Орхидеја Срезовска го освои второто место.
Ние им го честитаме Денот кој светот го посветил на нив, заедно со Честитките за освоените награди на натпреварувачите и успешно експонираните учесници.
Од Здружението за лица со попреченост „Мобилност“ Гевгелија и денеска потсетуваат дека - Иако овогодинешното одбележување на 3 декември се одбележува преку социјалните мрежи заради пандемските услови, сепак потсетуваат дека проблемите на овие лица не се исчезнати - самиот имвалидитет значи тешкото чекорење, немање секаде соодветен пристап за влез на овие лица кои се принудени да кружат низ улиците барајки адекватен пристап, се се' уште дел од нивното несакако секојдневие, на кое треба да одговори заедницата, општеството, деловните субјекти, значи сите фактори од општествено-економскиот живот во државата, и, се разбира и граѓаните со своето разбирање за потребите на овие лица.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица
Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово
Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање