Пандемски пост на крадците во Гевгелија

Петок, 04 Декември 2020

На подрачјето на Полициска Станица од општа надлежност Гевгелија, во периодот 2019/2020 година (заклучно со 30-ти ноември 2020), регистрирани се вкупно: 170 кривични дела “кражби’ предвидени во чл.235 од Кривичниот Законик во 2019 година, наспроти 103 кривични дела во 2020 година.
Ова не е конечната бројка на регистрирани кражби извршени годинава во Гевгелија, бидејќи не ги содржи податоците за последниот месец од годината, декември.
Сепак, ако просекот во 2019 бил 14,16 кражби во текот на еден месец, што значи дека секој втор ден имало по една кражба, во 2020 година тој просек е намален на 9,36 кражби месечно, што значи секој трет дена имало по една регистрирана кражба во годината.

Причина за ваквиот „пост“ на крадците кои оперираат во Гевгелија и гевгелиско е состојбата со пандемијата, мерките на платено отсуство од работа на хронично болните лица, на родителите кои имаат деца до 10 годишна возраст, на трудниците, на учениците кои не одеа на настава. Тоа придонесе голем дел од населението да седи дома и да ја „ремети“ работната атмосфера на крадците.

Но, годината изминува, притисокот за неоснована заработка е присутен во кодот на крадците кои деновиве започнаа и „посети“ на домаќинства во полна куќа со членови на семејството. Дрскоста на крадците можеби во декември ќе биде во пораст, за да го остварат планираниот годишен незаконски приход од присвојување на туѓ имот, по пат на кражби. Затоа мерките на обезбедување да ви бидат приоритет. Од заклучена брава не боли глава.



Last modified on Петок, 04 Декември 2020 - 12:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово

Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.