Секторот за внатрешни работи Струмица- Одделение за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Г.Ј.(34) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „тешка кражба“ „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „загрозување на сигурноста“.
Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Canabis sativa и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија „Canabis sativa“.
Во понеделникот, на 30.11.2020, по овластување на Јавен обвинител од ОЈО Гевгелија, увид на местото извршила увидна екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, по што се преземени соодветни мерки за откривање на сторителот.
Вчера, на 03.12.2020, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети. За време на претресот пријавениот се однесувал агресивно и се заканувал на полициските службеници. Тој бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, известуваат од МВР.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица
Приведени танчарки и сопственик во објект во Tетово
Вечерва, недела (10.01.2021 год.) полициски службеници од Одделот за сузбивање